Урнатиот мост во Питсбург
29 јануари 2022Американскиот претседател, Џо Бајден, веднаш го посети мостот во Питсбург, кој се урна само неколку часа пред тој да пристигне на закажаната посета на градот, и ја нагласи итната потреба за обновување на инфраструктурата во САД:
„Идејата дека толку многу години заостануваме кога станува збор за инфраструктурата е неверојатна“, порача Бајден кој со државните и локалните претставници на итните служби го посети местото на несреќата во градот Питсбург, во сојузната држава Пенсилвенија.
Американскиот претседател ги пофали спасувачите, нагласувајќи оти инцидентот довел до протекување на гас што во меѓувреме е запрено.
Мостотот со две сообраќајни ленти се сруши во петокот рано утрото по локално време, а спасувачите мораа да се качуваат на висина од речиси 46 метри, додека останатите формирале човечки синџир за да помогнат во спасувањето на луѓето од автобус кој бил заглавен на урнатиот мост, изјави шефот на пожарникарната служба во Питсбург, Дерил Џонс.