Катастрофи
„Фабиене“ - првата есенска бура во Германија
24 септември 2018Реклама
Кратко по календарскиот почеток, есента во Германија се покажа од својата бурна страна, вчера попладне и ноќеска од невремето посебно погодени беа покраините Хесен, Тирингија, Рајнланд-Пфалц, Баден Виртемберг и Баварија. Како последица на бурата „Фабиене“, десетици илјади домаќинства во Баварија останаа без електрична струја, дел од сообраќајниците беа блокирани поради откорнати дрвја. На кампинг кај Ебрах силниот ветар предизвикал пад на дрво, под кое смртно настрадала 78-годишна жена. Орканските ветрови предизвикаа бројни материјални штети, најчести беа откорнати покриви на објекти. На нашата #ФотографијаНаДенот: од ветрот превртена дрвена куќичка во Висбаден.