1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Фудбалска класика

СН/агенции
29 јуни 2021

Денеска во претпоследниот осминафинален натпревар на ЕУРО 2020 играат Германија и Англија. На лондонскиот стадион Вембли веќе се одиграле легендарни натпревари меѓу вечните ривали.

1996 UEFA European Championships | England vs Deutschland
Фотографија: Getty Images/R. Kinnaird

Англија против Германија.  На денешното осминафинале на Европското првенство му претходи долго фудбалско ривалство со многу епски дуели. Изреката дека на крајот секогаш победува Германија едноставно не е точна. Досега во меѓусебните дуели Германците победиле 15 пати а Англичаните 16.

Сепак во последните важни мечеви во завршните рунди на Европските или на Светските првенства, изреката сепак е точна.

Најболниот пораз за Англичаните дефинитивно е оној на Вембли во полуфиналето на Европското првенство во 1996 година, со промашениот пенал на актуелниот англиски селектор Герет Саутгејт ( на насловната фотографија). 

Повеќе:

-Фотографија на денот: Германската репрезентација пред тежок испит

-Фото на денот: Проштален фудбалски „танц“ на Горан Пандев

-ЕУРО 2020: Што треба да се знае за турнирот

 

Германија и Англија досега се соочиле уште еднаш на Европските првенства и тоа во натпревар во групите во 2020 година, во кој Англија извојува победа со 1:0. На Светските првенства досега двете репрезентации одиграле 5 натпревари. Германија извојува победа во три од нив, и тоа во осминафиналето во 2010, во полуфиналето во 1990 и во четвртфиналето во 1970 година.

Еден натпревар во групите во 1972 заврши без голови, а единствената и веројатно најважната победа Англија ја оствари во финалето на домашниот Мундијал во 1966, која и ја донесе единствената титула досега на големите фудбалски натпреварувања. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми