Фотографија на денот: Хенри во Англиската градина во Минхен
16 август 2017Реклама
Изразот „кучешки живот“ луѓето го употребуваат во негативна конотација, како синоним за мизерен и беден живот. Но, за мопсот Хенри на оваа #ФотографијаНаДенот тоа очигледно не важи. Тој ужива со целиот луксуз во својата количка во Англиската градина во Минхен, со чадор заштитен од сонцето. Во Германија, според проценките, има помеѓу 6 и 8 милиони кучиња, околу 70 проценти од нив се расни.