Поради пандемијата во минатата година, вакви сцени не можеа да се видат во Венеција. Прочуениот карневал се одржа исклучиво онлајн. И годинава тој минува во сенка на ковид, но сепак повратен е дел од неговиот сјај.
Реклама
Во Италија во тек е традиционалниот карневал во Венеција, кој во пред-ковид времињата привлекуваше стотици илјади посетители. Со почетокот на пандемијата, и строгите рестрикции воведени во Италија, ситуацијата драматично се промени. Во 2021 карневалот се одржа само онлајн. Годинава пак под слоганот „Сети се на иднината“, тој се одржува во период кога Италија ги попушта мерките против коронавирусот. Се очекува и дека со попуштањето на мерките ќе се привлечат посетители во Венеција. Туристите за време на карневалот, кој започна на 12 февруари, имаат можност маскирани да шетаат низ градот, што на Венеција ѝ дава посебен изглед. Сепак не е сѐ ито како во пред-ковид времето. Бројни карневалски манифестации се откажани а дел од нив се одржуваат во ограничен облик и можат да се следат само онлајн. Карневалот во ваква хинридна форма ќе трае до 1 март.
Град на маските: започна карневалот во Венеција
Маски, балови и голтачи на оган- во Италија започна најпознатиот европски карневал
Фотографија: Getty Images/AFP/F. Monteforte
Венеција: Игри со маски (Civitas Ludens)
Веројатно најпознатата карневалска прослава покрај Рио де Жанеиро. 16-дневната веселба ќе трае до 13 февруари, еден ден пред Среда Пепелница. Годинешното мото гласи 'Creatum: Civitas Ludens;' што во слободен превод значи Креативност: игри со маски .
Фотографија: Getty Images/AFP/F. Monteforte
Вековна традиција
Мештаните велат дека карневалот во Венеција потекнува од 1162 година, кога се одржал за првпат во рамките на прославата на воена победа на Венецијанската Република. Карневалот беше забранет за време на владеењето на императорот на Светата римска империја Франц II во 1797, а повторно обновен дури во 1979 година.
Фотографија: Getty Images/AFP/F. Monteforte
Маскарада
Маските долго играат важна улога на Карневалот во Венеција. Постојат неколку карактеристички стилови на маски, а најпозната е клунестата 'Medico Della Peste' или маска на лекар кој лечи од чума. Секоја година се доделува награда за најубава маска од страна на меѓународно жири.
Фотографија: Getty Images/AFP/F. Monteforte
На бал
Раскошните вечери и балови кои го одразуваат средновековниот или подоцнежните стилови се основен елемент на Карневалот. Доколку можете да си ја дозволите влезницата, се разбира. Честопати, влезот на еден бал надминува повеќе стотици евра.
Фотографија: Getty Images/AFP/F. Monteforte
Општа забава
Денес, околу 3 милиони туристи желни за забава ја „окупираат“ Венеција во деновите на Карневалот. Забавата започнува со пиење и танцување на познатиот плоштад Св. Марко во центарот на градот.
Фотографија: Getty Images/AFP/F. Monteforte
Парада на светла
Огнометите и изведувачите на гондоли се уште еден интегрален дел од фестивалот. На оваа фотографија голтачите на оган ги одушевуваат гледачите на церемонијата на отворање на годинешното издание на Карневалот.