1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Фотографија на денот: Цвеќе за жртвите на оружјето во САД

6 јуни 2022

По една вазна со цвеќе за секој од 45.222 убиени Американци во насилство со оружје во 2020 година во САД.

BdTD | USA
Фотографија: Stefani Reynolds/AFP/Getty Images

Вазните се поставени во близина на споменикот Вашингтон од страна на фондацијата Габи Гифордс.

Во САД во текот на викендот во вооружени насилства во три градови загинаа девет лица, а повредени се дваесетина. Во земјата е повторно разгорена дебатата околу законите за оружје. Невладината организација Gun Violence Archive само годинава има регистрирано најмалку 240 случаи на т.н. „масовно пукање“, во кои биле убиени по најмалку четири лица.

Американскиот претседател Џо Бајден од американскиот Конгрес пред неколку дена побара забрана за јуришни пушки, проширување на проверките за добивање дозволи за оружје и други мерки за контрола на оружјето. Демократскиот сенатор Крис Марфи вчера (5.06) за Си-Ен-Ен изјави дека гледа шанси во Конгресот да помине пакет закони кои предвидуваат инвестиции во третманот на психички болни лица, безбедност во училиштата и промена на законите на оружје во земјата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми