1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Подготовки за битката за Киев – со пушки и храбро срце

ЖА / агенции
2 март 2022

На страната на Русија е воена надмоќ, на страната на луѓето во Украина – храброст и желба по секоја цена да ја одбранат својата земја од агресорот.

Russland-Ukraine-Krieg | Kiew
Фотографија: Aris Messinis/AFP

Припадници на украинската единица за цивилна одбрана пренесуваат пушки на спротивната страна од разнесениот мост на северниот фронт на Киев, фотографијата е направена вчера, на 1 март 2022 година. Киев и натаму е под ракетен оган.

Рускиот конвој, кој го прикажаа сателитските снимки и се протега на десетици километри напредува полека кон главниот град на Украина: според украинскиот генералштаб, Москва ги собира своите сили за напад врз Киев и другите големи градови, додека меѓународните санкции против Русија продолжија да се зголемуваат.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми