1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Црвени срца за жртвите од коронавирус во Велика Британија

ЖА / агенции
31 март 2021

На Ѕидот на сеќавање 150.000 срца, по едно за секој починат од Ковид-19 во Велика Британија

BdTD | Großbritannein London | Denkmal für die Coronaopfer
Фотографија: Richard Gray/empics/imago images

Роднините на луѓето кои ја загубија битката со корнавирусот, започнаа во Лондон рачно да цртаат илјадници срца на сивиот ѕид покрај Темза, во близина на зградата на Парламентот.

На т.н. „Национален меморијален ѕид“ треба да настанат речиси 150.000 срца, толку колку што починаа во Велика Британија од почетокот на пандемијата. „Секое срце е индивидуално насликано и единствено, исто како и саканите луѓе кои ги загубивме. А овој споменик ќе биде огромен, сразмерно на големината на нашата колективна загуба“, вели соорганизаторот Мет Фоулер, чиј татко починал од Ковид-19.

Срцата на ѕидот ќе се распростираат во должина од околу еден километар. Организаторите немаат официјална дозвола за проектот, но се надеваат дека властите ќе го толерираат.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми