Фотографија на денот: Штрковите се вратија предвреме
16 февруари 2018Реклама
Штрковите се предвесници на пролетта. Но, во германската покраина Хесен, голем број од овие птици преселници годинава се вратија премногу рано од своите зимски престојувалишта и поради замрзнатата земја и водите прекриени со мраз, имаат проблем со обезбедување храна. На #ФотографијаНаДенот: двојка штркови на температура под нулата стои на своето гнездо.