Здравје
Фотографија на денот: Љубов со граници во време на корона
6 април 2020Реклама
На границата помеѓу Германија и Швајцарија, затворена поради пандемијата, сега е поставена и втора ограда, со цел вљубените двојки да не се приближуваат. Саканиот или саканата на зелената граница помеѓу Констанц и Кројцлинген сега може да се види само на оддалеченост од два метра. Откако беа затворени границите поради коронавирусот, границата имаше само една ограда, па двојките доаѓаа до оградата и стапуваа во директен контакт. Тоа сега е невозможно. Сигурно е сигурно.