1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

175-ти роденден на Зоолошката градина во Берлин

3 август 2019

Подигната е со кралска донација, преживеа две светски војни и поделба на земјата, а сега Зоолошката градина Берлин, првата во Германија, слави јубилеј.

BdT Feier zu 175 Jahre Zoo Berlin
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken

Зоолошката градина Берлин ги отворила портите на 1. 08.1844 година, со дозвола и помош од прускиот крал Фридрих Вилхелм, како прва зоолошка градина во Германија. Денес таа се простира на површина од 33 хектари, каде живеат 20.200 животни од околу 1.400 животински видови, меѓу кои и бројни егзотични и од изумирање загрозени животни. Јубилејот се слави од четвртокот до утре со повеќе манифестации, на #ФотографијаНаДенот го гледате градоначалникот на Берлин, Михаел Милер, како ја фотографира пред да ја пресече 1, 7 метар високата роденденска торта по повод јубилејот, се разбира, украсена со фигури на животни.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми