Техника
Фотографија на денот: 360°-очилата се хит на ИФА
1 септември 2017Реклама
Ултратенки ТВ-екрани, дронови и вмрежени апарати за домаќинство - во Берлин денеска почнува саемот на електроника ИФА, кој ќе трае до 6 септември. Браншата во првата половина на годинава бележи пораст од 2,4%, а во втората половина се очекуваат уште подобри резултати, со оглед на традиционалниот божиќен шпопинг на електроника.
Еден од хитовите годинава на ИФА се 360 степени-очилата. На нашата #ФотографијаНаДенот една од вработените на саемот носи вакви очила од „Филипс“.