Култура
50 години од последниот албум на „Битлси“
26 септември 2019Реклама
Џон Ленон во бел костум, зад него Ринго Стар и босоногиот Пол Мекартни, а на крајот Џорџ Харисон, кому се чини како сеансата со снимањето да му е здодевна - култната четворка на #ФотографијаНаДенот, овековечена од фотоапаратот на Ијан Мекмилан. Иако нешто подоцна, во 1970 година излезе претходно продуцираната плоча „Let It Be", албумот „Abbey Road", кој се појави на пазарот на 26 септември 1969 година е последниот на поп и рок групата од Ливерпул, формирана во 1960 година, комерцијално најуспешна и критички најпризнат бенд во историјата на популарната музика, со продадени над билион албуми во светот.