1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франко Фратини се залага за “европски ислам"

18 јули 2007

“Посакувам еден ден да се реализира идејата за европски ислам, во кој младите нема да се воспистуваат во омраза и насилство, ислам што ќе ги почитува религиозните права и слободи.“

Заменик претседателот на Европската комисија и комесар за правда, Франко ФратиниФотографија: AP

Нашите партнери во реализацијата на оваа идеја ќе бидат верски лидери од исламската религија, како и муслимански здруженија кои не се радикални. Тие ќе го претставуваат мнозинството муслимани, кои живеат во Европа. Тоа е нашата стратегија, нагласи евро-комесарот за правда и безбедност, Франко Фратини:

“Евро-исламот ги почитува толеранцијата и другите вредности на Европа. Тоа е ислам со респект кон човечките вредности, кој и‘ придава голема важност на еднаквоста на мажите и жените во општеството, кој не ги прифаќа принудните бракови и ги реализира темелните човекови права. Станува збор за Европската Повелба за човекови права, која треба да ја почитуваат сите.“

Комесарот за правда и безбедност во истата изјава за ДВ порача уште дека ЕУ ќе соработува со Турција во реализацијата на оваа идеја:

“Секако, токму затоа и му дадов поддршка на почетокот на преговорите за прием со Турција. Ако еден ден Турција може да дојде до нивото каде ќе обезбеди заштита на фундаменталните човекови права, тогаш таа нема да стане само членка на ЕУ. Турција тогаш ќе докаже дека земјите со мнозинско муслиманско население можат да ги почитуваат темелните вредности на Европа“ - нагласи евро-комесарот за правда и безбедност, Франко Фратини во интервју за ДВ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми