1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција бара помош од ЕУ, но не и од НАТО

Барбара Везел/З. Јордановски17 ноември 2015

За прв пат членка на ЕУ активира една речиси непозната клаузула од договорите на ЕУ. Што значи таа? Министрите за одбрана од земјите на ЕУ и’ ветија поддршка на Франција, која бара и воена помош.

Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Hoslet

„Тоа беше тажен ден за Франција и за цела Европа. Но, ние ќе го покажеме нашето заедништво“, рече Федерика Могерини, ополномоштеник на ЕУ за надворешна политика, по денешната седница на ЕУ-министрите за одбрана. За Могерини терористичките напади во Париз се напад врз корените на нашата цивилизација.

Заедништво во невообичаена форма

И долгогодишните набљудувачи денеска беа збунети од начинот на кој ЕУ ќе ја искаже солидарноста кон својата членка - Франција, имено, побара помош од партнерите повикувајќи се на членот 42.7 од договорите на Унијата. Могерини им го објасни на новинарите, оти - како што рече - претпоставува „дека никој не ја знае таа одредба“: кога земја-членка е жртва на оружен напад од сопствената државна територија, тогаш другите членки мораат да и’ укажат помош и поддршка соодветно на член 51 од Повелбата на ОН. Тоа не значи дека сега се активира заедничка воена мисија на ЕУ, туку станува збор за билатерална помош што може да ја укаже секој од партнерите во Унијата. Многу од нив и’ ветија материјална или друг вид помош на Франција, за да ги растоварат нејзините сили.

Француски воени авиони се подготвуваат за напад во СиријаФотографија: ReutersECPAD

Што навистина бараат Французите од своите партнери?

Францускиот министер за одбрана Ив Ле Дриан беше поконкретен во однос на очекувањата за помош - очигледно повеќе отколку само подобра комуникација на тајните служби или персонална поддршка во областа на безбедноста: „Франција не може се’ сама да прави“. Значи, станува збор за воена помош кај француските ангажмани во Сирија, Ирак, или кај другите операции. Тој уште и изрично ги наведе ангажманите во регионот на Сахел, Централноафриканската Република, Либан. Треба да се утврди што може ЕУ заеднички да прави, рече министерот и најави: „Сите ќе учествуваат и тоа бргу, инаку од сето ќе нема никаква полза“.

Француски војници на улиците на ПаризФотографија: picture-alliance/dpa/M. Christians

Со многубрјните воени ангажмани во различни земји на Африка и Блискиот Исток, Франција дојде до границите на своите можности. А сега уште и дополнително треба три илјади војници да бидат распоредени за заштита на земјата и за контрола на јавни места и установи.

Зошто Франција не побара помош од НАТО?

„Тоа во прв ред е политички стејтмент“, одговори Федерика Могерини на прашањето зошт Париз не побара веднаш и активирање на таканаречениот „сојузнички случај“ во НАТО, како што постапија САД по терористичките напади од 11 септември 2001. „Заедничката европска одбрана е нешто што ние го имаме и што може да биде активирано“, додаде таа.
Француската влада бара и воена, но не и само таква помош. Видот на помош е прашање на билатерални спогодби и технички дискусии меѓу партнерите, објасни Могерини. Притоа ќе се имаат во обѕир различните одбранбени политики на земјите-членки и нивните ефективи.
Задачи ќе има и за Германија, иако Берлин досега отфрлаше било каков воен ангажман на Блискиот Исток. Германскиот министер за одбрана Урсула фон дер Лајен му понуди на францускиот колега по функција Германија да ја растовари Франција во Мали. Згора на тоа, Французите се многу заинтересирани за германските искуства од соработката со курдските борци.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми