1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција врти в десно

Марк Ерат/бг7 декември 2015

Во првиот круг оа регионалните избори во Франција триумфираше десно-радикалниот Национален фронт. Партијата на Марин Ле Пен стана најголема политичка сила во земјата со 30 отсто од гласовите.

Frankreich Erste Runde der Regionalwahlen 2015 Marine Le Pen
Фотографија: Reuters/P. Rossignol

Ова е триумф во кој Марин Ле Пен ужива. Речиси 30 проценти за нејзиниот десно-екстремен Национален фронт- политички земјотрес, на три недели по нападите во Париз. Ле Пен постојано повторуваше дека нападите биле она на што нејзината партија предупредувала. Изборниот исход, според неа, е потврда за тоа.

„Ние сме единствената партија која ја брани автентичната Франција, Републиката со нејзините национални интереси, вработувања за Французи и задржување на нашиот начин на живот“.

Целото видео погледнете го тука:

Франција врти в десно

02:02

This browser does not support the video element.

И уште еден член на семејството се радува: Марион Марешал Ле Пен, внуката на моќната партиска шефица слави на југот, на Азурниот брег. Таа е новата генерација на десницата.

„Убедена сум дека вечерва умре стариот систем, а со него и претставниците на левицата и десницата. Се надевам ќе ја научат лекцијата“, рече Марион Ле Пен.

Дали стариот дуопол на конзервативците и социјалистите заминува во историјата? Заеднички, во вториот круг би можеле да му се спротивстават на Националниот фронт. Но конзервативците, кои со 27 проценти се втора сила, го одбиваат тоа.

„На нашиот политички врв ќе му предложам да одбие било какви сојузи и повлекување на листи. Јасноста и конзистентноста се единствениот политички избор кои му служат на интересот на нашите региони, и на Франција“, рече лидерот на конзервативната Републиканска партија, Никола Саркози.

За Социјалистите и нивниот претседател Франсоа Оланд изборите го донесоа очекуваниот дебакл, а втората рунда следната недела нема многу да промени.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми