1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција и Германија ќе ги одмерат силите на Маракана

АТ/ макфакс4 јули 2014

Фудбалските репрезентации на Франција и на Германија денеска ќе ја отворат четвртфиналната програма на 20-то Светско првенство во фудбал. Бразил и Колумбија исто така се борат за место во полуфиналето.

Германцктие репрезентативци се подготвуваат за четвртфиналниот мечФотографија: Franck Fife/AFP/Getty Images

Франција и Германија денеска на стадионот Маракна ќе го одиграат првиот четвртфинален меч на СП во Бразил 2014.

Двете европски селекции зад себе имаат долга традиција на меѓусебни пресметки, на досегашните 25, Франција е поуспешна со 11 победи, две повеќе од Германија, додека пет пати двете репрезентации играле нерешено.

Франција може да се надева на традицијата која вели дека на последните седум пресметки со Германија има само еден пораз. Во богатата историја на дуелите на селекциите кои заедно имаат освоено четири светски титули (Германијатри, Франција една), секако се издвојува дуелот во полуфиналето на Мундијалот во 1982 година. Тогаш во Севилја, се одигра еден од најдобрите натпревари во историјата на Мундијалите, Германија победи на пенали, откако мечот заврши со резултат 3-3, а мечот се памети по бруталниот старт на германскиот голман Харалд Шумахер врз Патрик Батистон.

Тренинг на француската репрезентација пред претстојниот дуел со ГерманијаФотографија: Getty Images

„Беше тоа најспектакуларниот и највозбудливиот натпревар во историјата на Мундијалите. Ова одговорно го тврдам, бидејќи сум бил дел од две финални средби на СП-а и на уште неколку други турнири. Што се однесува до дуелот со Батистон, јас по мечот се извинив тој извинувањето го прифати. Секогаш сум бил во функција на тимот, така беше и тогаш, никогаш не сум бил насилник на терените“, се сеќава поранешниот германски голман Шумахер.

„Очекувам спектакуларен меч до самиот крај, убеден сум дека индивидуалната класа ќе го реши победникот. Неверојатно е тешко да се освои светската титула, секој меч до крајот е приказна за себе“, вели Шумахер.

Германија, во Бразил, деветти пат последовно ќе игра четвртфинале на едно светско првенство, иако тимот на селекторот Јоахим Лев досега не импресионираше. Францускиот селектор Диеиде Дешам фаворитската улога сепак и ја препушта на Германија, бидејќи како што вели „тие се константно во врвот, на последните две СП-а играа во полуфиналето“.

Во второто четвртфинале Бразил и Колумбија ќе се борат за место во полуфиналето.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми