1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција миграција

Франк Росман27 март 2006

Во Франција неодамна беше претставен новиот предлог закон според кој, оној кој ќе докаже дека има завршено високо квалификувано образование има поголеми шанси да дојде во земјата

Француското знаме
Француското знаме

На Франција и е потребен концепт за оние кои сакаат да дојдат и да останат во земјата, вели Катерин де Венден, политиколог и експерт за имиграција:

„ Во Франција никогаш не се размислувало за еден вистински концепт.Во 1945 година имаше неколку обиди кои не успееа, но од тогаш нема ништо ново.„

И навистина, приказната на француската повоена имиграција е иста како и во други западно-европски земји. На една земја во обнова и е потребна работна сила, а неа ја бара во странство. Работниците пак се доселуваат во странската земја, ги земаат своите семејства и остануваат во неа. Во седумдесетите години Франција ги стопираше ваквите доселувања. Но, доселениците доааѓаат и понатаму, преку сто илјади во годината, на различни начини: спојување на семејство на пример, на основа на брак, како азиланти или пак на илегален начин. Токму на ова се однесува и новиот предлог закон на владата. Најпрво се започнува со рестрикции. Браковите со странци во иднина треба да се контролираат, спојувањето на семејство ќе биде отежнато, бројот на протерувања на илегални доселеници да се зголеми на 25.000 годишно.

Вториот дел од предлог законот се однесува на изборот

Оној кој може да докаже диплома за завршено високо квалификувано образование има подобри шанси да дојде во Франција. Париз сака да спроведе тригодишна дозвола за престој со наслов „ компетенција и талент„. Притоа владата не би можела да се ограничи на чисто елитна имиграција, доколку би сакала со законот да одговори на потребите на пазарот за работна сила, вели експертот за доселување де Венде:

„Се разбира дека во одредени сектори ни се потребни високо квалификувани доселеници. Но, исто така итно ни се потребни и помалку квалификуваните доселеници. На пример во градежништвото, домаќински дејности, но пред се за нега на старите. За тоа не е потребно особено образование, а нам ни недостасува работна сила на ова поле. „

Здруженијата на странци и лица без лични документи за престој на француска почва остро го критикуваат предложениот закон

Во принцип владата го следи принципот на „преселување во поевтините земји„. Во овој случај тоа не се претпријатијата, туку работниците се преселуваат, вели Антоан Касин од Фасти, здружение за вработување на имигранти.

„Ние имаме впечаток дека планираниот закон ќе ги доведе во зависна состојба и легалните доселеници. Кога ќе им се каже „ок, Вие можете да живеете во нашата земја, евентуално некогаш можете да го донесете и важето семејство„но, притоа престојот целосно зависи од индивидуалниот работен однос, тогаш мигрантите не можат да штрајкуваат. Доколку некогаш се впуштат во штрајк ќе бидат отпуштени. А, без работа ќе мораат да ја напуштат земјата со нивното семејство заедно. Значи, немојте да штрајкувате.„

За изборните критериуми на една „сакана имиграција„ во Франција во наредните недели ќе се зборува многу. Новиот закон за имиграција веќе фрли сенка од рестрикции, велат многу доселеници. Досега оној кој живеел минимум десет години во Франција има право да поднесе барање за престој. До пред две години немаше воопшто никакви проблеми. Сега одеднаш стана се многу покомпликувано.

Образованието како пат до правото на останување е уште една тема на дискусиите кои започнаа по претставувањето на предлог законот за имиграција во Франција. До лето владата сака да го изгласа овој закон.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми