1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција на чело во Брисел

1 јули 2008

По дванаесети пат Франција до крајот на годината претседава со Европската унија. Во тешки времиња за Унијата, од владата во Париз ќе се бара голема умешност. Промената на врвот на ЕУ ја коментираат европските весници.

Sarkozy EU-Ratspräsidentschaft Logo Frankreich 2008 EU
Никола Саркози, претседател на ФранцијаФотографија: AP Graphics/DW

Римскиот дневен весник Ла република за телевизиското обраќање на претседателот Никола Саркози на почетокот на француското претседателство со ЕУ пишува „Претседателство во знакот на умереност, претстојат малку работи, без големи амбиции, но со воља, Европа повторно да им се приближи на своите граѓани: Никола Саркози игра на картата на воздржаност, не ветува ништо, но притоа се надева дека некои резултати ќе си ги препише на своја сметка, кои потоа повторно би ја зголемиле неговата популарност. Зборува за скапиот бензин, повторно ја киритикува, иако умерно, Европската централна банка, и предвидува заеднички мерки за да се ублажи нетрпението и гневот на консументите. Се’ на се’ се чини дека шефот на државата во неговото долго телевизиско обраќање го послушал советот на неговоиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер, кој претходно Европа ја означи како ’Вежба против ароганцијата’“ смета Ла република

Весникот Дерние Нувел Далзас од Стразбур за француското претседателство пишува „Нема изненадувања во програмата на француското претседателство со ЕУ. Ниту изненадувања за политиката што ќе се води во наредните шест месеци за да и се помогне на Европа да излезе од кризата. Како што нагласи претседателот на Републиката, Европа која „штити“ од скршнување кон глобализацијата, од дампинг и шпекулации, е предизвик. Саркози опстојува на своите намери и вчера вечер мораше да признае, дека за многу работи неможе ништо да стори. Сепак тој ветува дека „ќе предизвика спасоносен шок, зошто во опасност е европската идеја.“ Останува да видиме што ќе се случи до 31 декември, кога ќе заврши фрнацуското претседателство“ пишува весникот.

На истата тема лево - либерелниот весник Непшабадсаг од Будимпешта смета „ ... Одбрана, доселување, енергетска сигурност, екологија - ова не се само главните теми на ЕУ, туку и оние на денешна Франција, на претседателствувањето на Саркози. Тој најави реформа на армијата и сака да ја врати својата земја речиси целосно во НАТО. Тој го оформи поимот „селективно доселување“, тоа значи дека целната земја самата избира кого ќе прифати. Херојски се бори за намалување на данокот на додадена вредност за горивата, за што ќе биде потребна заедничка одлука на ЕУ. Со популистички најави еколошката политика на Франција сака да ја постави на нови основи. Но, неговиот најголем непријател на врвот на ЕУ е тој самиот. По парализирачките години со Ширак, на Европа и е потребен агилен, брилијантен, талентиран прв човек на Франција, како на гладниот залак леб. Но не безусловно нов крал на сонцето.“

Преземањето на претседателството од страна на Франција мадридски АБЦ вака го коментира „Франција го презема претседателството во невообичаена ситуација. Со ирското Не ЕУ повторно се наоѓа во ситуација, како во 2005 по одбивањето на европскиот устав од страна на Французите и Холанѓаните. Во овој период бездната меѓу институциите на ЕУ и граѓаните стануваше се подлабока. Ова е проблемот, чие решение мора да ужива највисок приоритет. Претседателот Саркози презема историска одговорност, да стопира развој којшто се заканува да и нанесе непоправливи штети на обединета Европа. Од француската влада се очекува поголема транспарентност и помалку демагогија. Европската унија би требало повеќе да се грижи за проблемите коишто ги засегаат граѓаните.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми