1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција не сака бурки!

26 јануари 2010

Жените муслиманки кои носат бурки, во иднина во Франција не би смееле да се возат со автобус или воз. Натпартиската парламентарна комисија, денеска предложи да се воведе целосна забрана за покривање во јавните установи.

Sarkozy gegen Burka in Frankreich
Французите против бурката?Фотографија: AP/ DW Photomontage

Типично француска дискусија, пишува неделникот „Ле Поинт“. Вредностите на републиката се мешаат со правата на жените, политичкиот ангажман и социјалната солидарност. Во последните седум месеци, парламентарната комисија се советуваше со стручњаците за сите овие прашања. На крајот излезе - спор!

Спор за тоа дали бурката, како шамија со која се покрива целото тело, може да биде забранета во Франција или не. Повеќе правни експерти рекоа дека еден таков закон би бил одбиен од страна на Уставниот суд или Европскиот суд за човекови права. Не смее, вели и човекот кој ја иницираше комисијата, комунистот Андре Жеран: „Проблемот не е да се казнат овие жени, туку да се потиснат фундаментализмот и оние гуруа кои ги расипуваат муслиманите и исламот во Франција. Тоа е многу чувствителна работа.“

Жестоки препукувања

Спор постои и меѓу конзервативците. Многу пратеници беа во комисијата, но во прва линија се водеше спор меѓу претседателот Никола Саркози и премиерот Франсоа Фијон на една страна, со Жан Франсоа Копе, шефот на пратеничката група на УМП, за кого се верува дека има амбиции за претседателската функција.

Фотографија: Dzevad Sabljakovic

Уште во периодот додека се водеа дискусии во Комисијата, Копе најави закон со кој би се забранило целосно покривање. Доколку не постоеја правните аргументи и политичката конкуренција со Копе, и претседателот би го делел ова мислење. Тој веќе кажа: „Франција е земја во која жената е слободна, каде се почитува вербата на поединецот. Но, Франција е земја каде нема место за бурки и нема место за потчинување на жените, сеедно какво е објаснението, под никакви околности.“

Комисијата предлага околу 20 чекори со кои би се вовела забраната. Првиот - пратениците сакаат да се остават 6 месеци време во кое би се убедувале жените кои носат бурки, меѓу другото и со тоа што за тоа би постоела едногласна осуда од страна на парламентот. Потоа би требало да се донесе закон со кој ќе се забрани носење на бурки во јавните установи, во автобусите и железницата.

Претставниците на муслиманите во Комисијата едногласно нагласија дека бурката не е пропишана за верниците. Надвор од парламентот дебатата околу покривањето се оценува повеќе како кампања против француските муслимани.

Погодени жени, според проценките меѓу 400 и 2000, покажуваат борбеност. Таква е на пример Кенза, мајка на четири деца, која е покриена веќе десет години: „Дали со или без закон: ако го забранат тоа и натаму ќе носам бурка во јавност. Тоа е мое право на слобода и слобода на изразување.“

Одлуката на владата околу забраната на бурки се очекува по регионалните избори во март.

Автор: Јоханес Дуро/Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми