1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одбиено барањето за израчување на Харадинај

СН/ агенции
27 април 2017

Апелацискиот суд во францускиот град Колмар денеска го одби барањето на Србија за екстрадиција на лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај

Kosovo Pristina - Ramush Haradinaj ehemaliger Premierminister
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Nimani

Според одлуката на судот во Колмар, Харадинај е веднаш ослободен и е укината забраната за негово напуштање на Франција, така што тој  во рок од 24 часа може да се врати на Косово. Србија повеќе нема право на жалба на одлуката на францускиот апелациски суд, кој не даде образложение за одлуката, односно кои услови за ектрадиција не биле исполнети.

„Победивме. Минавме низ непотребни и напорни процедури. Оваа ситуација не исцрпе сите нас на Косово. Оваа одлука е потврда дека војната на ОВК беше оправдана“, изјави Харадинај во Колмар и најави дека уште денеска ќе се врати на Косово.

Премиерот и новоизбран претседател на Србија, Александар Вучиќ, пак, по одлуката на францускиот суд за Харадинај, свика вонредна седница на владата. 

Харадинај на 4. јануари беше приведен на територијата на Франција, врз основа на меѓународниот налог за апсење издаден од Србија поради обвиненија за извршени воени злосторства за време на војната на Косово во 1998 и 199 година. Судот во Колмар на 12 јануари, со одредени мерки, го пушти Харадинај одлуката за барањето на Србија за екстрадиција да ја чека на слобода. харадинај пред судот во Колмар се појави на 1 и на 9 февруари, како и на 2 март. Повеќепати по апсењето тој повтори дека не прифаќа да биде израчен на Србија и оценуваше дека станува збор за политички процес против него.

Фотографија: picture alliance/dpa/AP Photo/J. F. Badias

Во меѓувреме претседателот на Албанија, Бујар Нишани потпиша указ со кој им додели државјанство на Харадинај и на неговата сопруга Анита, по што медиумите шпекулираа дека и Албанија ќе побара негова екстрадиција.

Инаку истражната постапка против Харадинај во Србија е покрената во 2004 година, а во јануари годинава е проширенa со нови обвинувања и нови докази кои му се проследени на судот во Колмар. На Харадинај му беше судено и во два процеса во Хашкиот трибунал за воени злосторства на Косово, но во 2012 година беше правосилно ослободен од сите обвинувања.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми