1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција: Омраза кон Евреите

Макс Хофма Превод А.Трајковска7 декември 2014

Нападите против Евреите во Франција оваа година се удвоија. Антисемитизмот не е маргинален проблем и Французите само заеднички можат да се справат со него, смета Макс Хофман.

Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Hartmann

Нискиот 80 годишен маж не сакаше да го објавам неговото вистинско име во мојот прилог. Затоа се договоривме за едно работно име, Зигизмунд Зилберштајн. Тој сѐ уште се плаши дека ќе го најде некој од Германија и ќе го нападне поради неговата еврејска религија. Зилберштајн во 30-те години на минатиот век побегна од нацистите во Франција. Само во неговиот мал апартман во едно предградие на Париз тој се чувствуваше безбедно.

Со Зилберштајн се среќавав во 1994 и 1995 година, во меѓувреме тој е починат. Сигурно меѓутоа е дека Франција денес, дваесет години подоцна речиси да не би можела повеќе да му нуди заштита. Антисемитизмот се шири како заболување од рак и општеството е толку поделено, што повеќе нема едноставно решение за овој проблем.

Да се решат економските проблеми

Многумина политичари во меѓувреме признаваат дека францускиот антисемитизам не се храни само од неколкумина безумници, имено сѐ другу би било замачкување очи. Една нова студија на Францускиот институт за истражување на јавното мислење ИФОП тоа сосема јасно го покажува: застрашувачки 25 проценти од испитаниците сметаат дека „Евреите имаат премногу моќ во областите економија и финансии“. Ваквото гледиште е уште појасно изразено кај муслиманите и приврзаниците на екстремните партии, пред сѐ Националниот фронт.

Кога еден вакво ткиво заболено од рак се шири во општеството, политиката мора да го користи секое средство што го има. Во образовните инсититуции, преку медиумите и со пари за проекти, кои ја поттикнуваат толеранцијата. Но најважно од сѐ е Франција конечно да ги стави под контрола своите економски прблеми. Оти само поради тоа што големи делови од општеството повеќе немаат економски перспективи, се создава плодна почва за растечки антисемитизам.

Макс ХофманФотографија: DW/B. Riegert

Братство!

Оваа плодна почва нуди услови за растење и на други заблуди. Не е случајност, што, мерено во апсолутни бројки, најголемиот број џихадисти од ЕУ (Foreign Fighters), доаѓаат од Франција. На почетокот на сите овие општествени проблеми стои експлозивен коктел со различни состојки, кој беше сварен уште пред повеќе децении. Промашено планирање на градовите, што доведе до гетоизација на мигрантите од северна Африка, промашена социјална политика, што доведе до бесперспективност на посиромашните слоеви од населението, промашена индустриска политика што предизвика пропаѓање на француското стопанство во беззначајност.

Но, иако тажното свртување кон себе е неопходно, Французите сега мора да гледаат кон иднината. Цела Франција мора да му додели ново значење на поимот братство од паролата "Liberté, Égalité, Fraternité". Сите умерени партии, синдикатите, огромната мрежа од општествени организации, познатите личности, претставниците на различни религии - исто и муслиманите - мораат да влечат на иста страна. Во поинаков случај заболеното ткиво од рак - антисемитизмот, и натаму ќе се шири.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми