Франција ќе гради атомска централа во Либија
26 јули 2007Еден ден по крајот на дипломатската криза околу бугарските медицински сестри , Либија се договори со Франција за соработка во полето на нуклеарната технологија за мирнодопски цели. Соодветна изјава за намери беше потпишана од двете страни , за време на посетата на францускиот претседател Никола Саркози на Триполи.
Целта на соработката е изградба на атомска централа во северноафриканската земја , која треба да обезбедува енергија за отсолување на морската вода.
„Секако дека Франција ќе склучи договори со Либија , но во тоа не сме единствени. САД го направија тоа, Тони Блер и Романо Поди истотака, Зошто значи Франција да не го стори тоа?“- изјави претседателот Саркози во Либија
Покрај тоа двете земји имаат намера да соработуваат во областа на вооружувањето и во истражувањето и образованието.