1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција ќе ја поддржи Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Тони Гламчевски 5 февруари 2008

Шефот на макеодснката дипломатија Антонио Милошоски денеска во Париз има средба со францускиот колега Бернар Кушнер и дипломатскиот советник на францускиот претседател Жан Давид Левит.

Кушнер и Милошоски во ПаризФотографија: DW
Средбата и работниот ручек на министрите за надворешни работи на Франција и Македонија почнаа со половина час задоцнување. Причината за тоа е кризата во Чад и ангажманот на Франција во нејзиното разрешување. Пред средбата со неговиот ресорен колега Бернар Кушнер, македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски имаше средба со дипломатскиот советник на претседателот Никола Саркози, Жан Давид Левит. На оваа средба исто како и на средбата со Кушнер главна тема на разговорите се ервоатланските интеграции на Македонија.

Членството во НАТО и ЕУ на агендата на разговорите

За време на француското претседателство со ЕУ Македонија очекува да добие датум за преговори за членство со ЕУ. Стана збор и за либерализацијата на визниот режим, поточно за отворање на преговори за време на француското претседавање.

Што се однесува до поканата за членство во НАТО, министерот Милошоски добил уверување дека Франција е позитивно расположена и подготвена да ја поддржи кандидатурата на Македонија. Сепак во Париз е повторено дека постојат ризици околу поканата со оглед на сеуште не решениот проблем со името. Но регионалните предизвици и улогата што ја игра Македонија за стабилноста на регионот се олеснителни околности за Македонија. Евентуално недобивање на покана за членство според француските набљудувачи нема да биде поволно за безбедносната ситуација на регионот, посебно во контекст на идниот статус на Косово, затоа што Белград и Приштина се далеку од концензус. На средбата со Давид Левит Милошоски добил уверување и дека Франција ќе ја поддржи Македонија како во добивањето на покана за членство ов НАТО, но исто така и за почеток на преговори со ЕУ. Ова доаѓа во моментот кога Париз сака да зголеми улогата и влијанието во ЕУ и посебно на Балканот за што има преземено повеќе одговорности.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми