1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Францускиот предлог заглави во лавиринтите во Бугарија

ДТЗ
23 јуни 2022

Кирил Петков останува на ставот дека парламентот треба да се изјасни за предлогот. Тој го обвини бугарскиот претседател Радев дека е кукавица, а за Борисов порача дека не може да игра подло

Bulgarien 46. Parlament Toschko Jordanov
Фотографија: BGNES

Еден ден по изгласувањето недоверба на бугарскиот премиер Кирил Петков, не престануваат меѓусебните обвинувања меѓу политичарите во земјата околу францускиот предлог и ветото за Северна Македонија. Бугарскиот парламент е веќе втор ден блокиран, а премиерот во оставка, Кирил Петков од Брисел, каде што учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан повторно потенцираше дека ќе остане доследен на дадениот збор дека Народното собрание мора да се произнесе по францускиот предлог, којшто му се допаѓа.  

„Мислам дека не може да има друг таков предлог“, изјави Петков и додаде: „Се надевам дека во наредните денови Народното собрание ќе донесе одлука за ова прашање. Имаме историски момент да можеме да ги заштитиме сите наши бугарски интереси, работи за кои сме сонувале и со овој предлог да го заштитиме бугарскиот интерес на долг рок“. 

„Уморен сум од кукавици“ 

Бугарскиот премиер Кирил Петков упати критика до претседателот Румен Радев за неговиот став за таканаречениот француски предлог за укинување на бугарското вето за членство на Северна Македонија во Европската Унија. 

„Ако си претседател на лице место, се јавуваш во Советот за национална безбедност, ги повикуваш сите служби, ги повикуваш сите партии, седнуваме, дискутираме, излегуваме. Ама не, пак! Или владата или премиерот. Паднаа маските. Уморен сум од кукавици“, рече Петков. 

Учесник на антивладините протести во Бугарија со маица на која пишува „Јас сум пријател на Путин“Фотографија: Valentina Petrova/AP/picture alliance

Бугарскиот премиер ја коментираше и изјавата на поранешниот премиер и лидер на опозициската партија ГЕРБ, Бојко Борисов дека пратениците на неговата партија се подготвени да влезат во салата и да гласаат за францускиот предлог доколку Советот на министри го достави. „Не можете да излезете наутро и да се удирате во гради дека ќе направите нешто, а попладне да ја блокирате Комисијата за надворешна политика. Ова е апсолутна политичка подлост. Ако толку се удирате во гради, одете денес во Комисијата и направете кворум “, рече Петков. 

Предлог да се прескокне комисијата 

Додека ја блокираат работата на Комисијата за надворешни работи, пратеничките групи на ГЕРБ-СДС и ДПС доставиле два нацрти до Народното собрание за решавање на спорните прашања меѓу Софија и Скопје. Документот на ГЕРБ се нарекува „Нацрт-акција на Советот на министри за одобрување на нацрт-преговарачка рамка и Нацрт-заклучок на Советот на ЕУ за европска интеграција на Република Македонија“. 
И додека коалицискиот партнер во владата во оставка, Бугарската социјалистичка партија, веќе соопшти дека нема да го поддржи францускиот предлог и со тоа да изврши „национално предавство“, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, побара владејачката партија да го стави францускиот предлог за Северна Македонија на пленарна седница во Народното собрание и да се прескокне разгледувањето на предлогот од страна на Комисијата за надворешна политика. „Вчера решивме да дадеме зелено светло на темата Северна Македонија. Очекувавме ова денеска да влезе во пленарната сала без игри и финти, а не да си играме со одолговлекување. Престанете да кажувате квалификации. Храбар сте, кул сте, ставете го предлогот во сала. Ќе го освоите аплаузот од целиот Европски совет“, рече Борисов.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми