Франција е земја со една од најбројните муслимански, ама и еврејски заедници во Европа. Притоа и многу француски Евреи сметаат дека се неоправдано жртви на предрасуди поради еден друг конфликт на Блискиот Исток. Израелско-палестинските тензии годинава предизвикаа двојно зголемување на нападите врз француските Евреите. Многу од нив единствен спас од животот во страв гледаат во преселба во Израел.