1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Стил на живот

Фризурите „Ким“ и „Трамп“ се хит во Виетнам

ЕМФ
27 февруари 2019

Доналд Трамп и Ким Јонг Ун се новите стил-икони во Ханој. Сите бараат фризури како нивните. „Ким“ фризурата симболизира младост, а „Трамп“ фризурата - моќ.

Vietnam, Hanoi: Treffen Donald Trump und Kim Jong Un
Фотографија: Reuters/L. Millis

66-годишниот Ле Пук Хаи трпеливо чека на фарбање на косата. Од природно црн, треба да се претвори во русокос. 

„Навистина ми се допаѓа Доналд Трамп, па сакам да имам физура како неговата“, објаснува тој.

На соседниот стол седи деветгодишниот То Гиа Хуи, чиј прекар е „Ун“: „Многумина велат дека личам на Ким Јонг Ун, особено со ваква фризура.“

Повеќе во видеото:

Фризура „Трамп“ или „Ким“?

01:53

This browser does not support the video element.

Хај и Хуи се двајца од десетиците муштерии на фризерот Ле Туан Донг кои бараат фризури како Трамп или Ким. Тој во деновите пред самитот нудеше бесплатно „Трамп“ и „Ким“ потстрижување

„Ханој е град на мирот. Ако Доналд Трамп и Ким Јонг Ун решиле овде да разговараат за враќање на мирот, мислам дека и јас треба да направам нешто за да окажам дека луѓето на Ханој го поздравуваат самитот“, ги образлага причините за своите бесплатни услуги фризерот од Ханој.

Дуонг вели дека „Ким“ фризурата прикажува младост, а „Трамп“ фризурата моќ. Неговите муштерии многу повеќе ја сакаат фризурата „Ким“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми