1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фудбалот вечерва ќе биде второстепен

Б.Мор/П.Возни/П.Јохем/ЕМФ17 ноември 2015

На вечерашниот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Германија и Холандија, фудбалот ќе биде второстепена работа. Поважен е сигналот против теророт.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Местото каде што е сместена репрезентацијата во Хановер е високо обезбедувано. На хотелот никој не смее да му се приближи помалку од 200 метри. Тоа дури и за репрезентацијата е невообичаено. Но, по нападите во Париз се‘ е поинаку.

Оливер Бирхоф, тим-менаџер ДФБ, објаснува:

„Да, се разбира дека ги зголемивме безбедносните мерки околу екипата. Низ хотелот сега дури уште еднаш минаа полицајци со кучиња-трагачи. И, се разбира, околу натпреварот - се очекува посета на високи политичари. Оттука, се разбира, мерките ќе бидат засилени.“

Видеото можете да го погледнете овде:

Фудбалот вечерва ќе биде второстепен

01:28

This browser does not support the video element.

Во Германскиот фудбалски сојуз долго се размислувало дали натпреварот воопшто да се одржи. Сега ќе се игра, иако со поинакви претензии.

Селекторот Јоахим Лев оцени:

„Спортската вредност сигурно е во втор план, како и оценките за овој натпревар. Зашто, играчите различно го преработуваат сето ова во период од два-три дена.“

Напрегнатоста и натаму е видлива, така е и кај Лев. Од прес-конференцијата тој кон хотелот замина со полициско обезбедување. И тоа е невообичаена слика. Првиот тренинг по Париз - значително посериозен од вообичаено. Речиси никој не заспа ноќта кога тимот мораше да чека во катакомбите на францускиот стадион. Сега треба повторно да вратат на терен. Но, резултатот од натпреварот најверојатно и овојпат нема да го интересира речиси никого.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми