1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фудбалската забава може да почне

Арнулф Бечер7 јуни 2008

Денес (07.06.2008) почнува ЕП во фудбал, чии домаќини годинава се Австрија и Швајцарија. Подготовките за големата спортска манифестација завршија. Организаторите ветуваат добра забава

Празник за љубителите на фудбалотФотографија: AP/DW-Montage

„ Кен ју Хир Ми“, од Енрике Иглесиас е официјалната песна на европската фудбалска Унија за Европското првенство. Таа треба да го поттикне распложението во двете земји домаќинки Австрија и Швајцарија, по примерот од светското првенство во 2006 во Германија.

„ Научивме многу од Светското првенство во Германија. Во градовите има навивачки зони, ресторани, гледање на отворено. Забавата нема да се случува само на стадионите, туку и во градовите„, вели Јирг Шмид, директор за туризам во Швајцарија. Во земјата на Алпите, главниот град Берн, како и Цирих, Базел и Женева, таканаречените главни центри. Натпреварите ќе се играат на мали стадиони со капацитети од околу 30.000 гледачи. Само Сент Јакоб Парк во Базел, нуди простор за 42.500 места. Тоа е и причината заради која на градот на Рајна ќе се одиграат шест натпревари, меѓу кои и премиерниот помеѓу домаќинот Швајцарија и Чешка.

Се‘ оди според планот

Последните подготовки се вршат и во четирите градови во Австрија, кои ќе бидат домаќини на натпреварите, Виена, Инсбрук, Салцбург и Клагенфурт. Главниот координатор на сојузните власти Хајнц Палме нагласува: „Се оди според планот, задачите се завршени и се разбира дека можеме да извлечеме многу добар полубиланс, пред да започнат натпреварите“

Австриските стадиони, според капацитетите се слични на Швајцарските, за околу 30.000 посетители. Најголем е само Ернст Хапел стадионот во Виена. Зданието со капацитет од 50.000 места, ќе биде домаќин на седум натпревари, вклучително и финалниот на 29 јуни. Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз Тео Цванцигер во врска со очекувањата: „Ова е тешко Европско првенството. Ќе настапат вкупно 16 репрезентации, секоја од нив може да победи, секоја има свои шанси“.

Фаворитите се познати, но можни се изненадувања

Како фаворити важат светскиот првак Италија, вицепрвакот Франција, Португалија и се разбира бронзената од последното светско првенство, Германија. Германците последната титула на европскиот континент ја освоија во 1996 во Англија. Репрезентативниот напаѓач Мирослав Клозе: „Мислам дека имаме еден многу добар тим , со многу добри поединци. Добро компониран тим во кој се наоѓаат и многу искусни играчи. Се наоѓаме на добар пат„“.смета Клозе

Предводник на тимот е Михаел Балак, кој со својот тим Челзи, стигна до финалето на Лигата на шампионите. Рекордерот по бројот на настапи во германската репрезентација, Лотар Матеус за очекувањата изјави: „Германија покажа дека на неа мора да се внимава на големите турнири. Ова првенство е во соседството. Убеден сум дека Германија ќе одигра доминантна улога“.

Апсолутни аутсајдери

За апсолутни аутсајдери, покрај домаќините важи и бранителот на титулата, Грција. На првенството нема да учествува Англија, а со тоа и дел од нејзините жестоки навивачи. Големо олеснување за организаторите во делот на безбедноста.

Бројот на силите за безбедност ќе биде зголемен поради забраната за користење на одмори во тој период. Исто така ќе има помош и од соседите. Хајц Палме: „Треба да се искористи помошта од соседите посебно од Германија“, изјави Палме.

Натпреварите на Германија против Полска и Хрватска во Клагенфурт и против Австрија во Виена имаат највисок степен на безбедност. Околу 1000 германски полицајци ќе им помагаат на локалните колеги. И покрај ваквите мерки, организаторите во Швајцарија и Австрија се надеваат на пријателска фудбалска забава.



Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми