Германската репрезентација пред тежок испит
15 јуни 2021Потежок противник од актуелниот светски фудбалски првак не можеше да се падне, но избраниците на Јоахим Лев велат дека се подготвени и екстремно мотивирани. „Должни сме им на навивачите“, изјави пред натпреварот капитенот Мануел Нојер. Ако се постигне победа против Триколорите, тоа сигурно ќе им даде полет на германските репрезентативци за натамошниот пат на Европското фудбалско првенство, вели Нојер, додавајќи: „Ние самите можеме да бидеме оружје“.
Голем плус за германските момчиња ќе бидат фановите - ќе се игра во Минхен, пред околу 14.000 гледачи. Германија настапува на европските првенства од 1972 година, а вечерашниот натпревар е 50-ти по ред. Досега била трипати европски првак, но последната титула е освоена пред дури 25 години. Германските фанови не посакуваат ништо повеќе од нова радост и повторно искачување на европскиот трон.