1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Хаванскиот синдром“ ја „разболе“ и ЦИА

СН/агенции
23 јули 2021

Тајната служба на САД ги засилува напорите да откривање на причините за мистериозните сонични инциденти, за кои се верува дека се напади врз американски службеници. Меѓу нив има и бројни припадници на ЦИА.

CIA | Symbolbild
Фотографија: Olivier Douliery/Sipa USA/picture alliance

Околу 100 вработени во американската разузнувачка служба ЦИА и членови на нивните семејства се наоѓаат меѓу 200 американски официјални лица заболени со мистериозниот „Хавански синдром“, изјави директорот на ЦИА, Вилијам Барнс.

Барнс, кого американскиот претседател Џо Бајден како прв професионален дипломат го постави на чело на ЦИА, во интервју за Националното јавно радио (НПР) рече дека ги засилил напорите на својата агенција за ја утврди причината за синдромот.

Хавана синдромот, со симптоми како вртоглавица, мачнини, мигрена и пропусти во помнењето, е наречен така бидејќи за првпат е забележан кај вработените во американската амбасада на Куба во 2016 година.

Барнс потврди дека, меѓу останатите чекори, го задолжил високиот офицер кој некогаш го водеше ловот на Осама бин Ладен, да ја води работната група која го истражува синдромот, а трикратно го зголемил и бројот на медицинскиот тим кој учествува во истрагата.

Синдромот првпат е забележан на Куба во 2016 и 2017 година, кога американски и канадски дипломати се пожалија на низа симптоми како вртоглавица, губење на рамнотежа, губење на слухот, анксиозност...Фотографија: Reuters/A. Meneghini

Повеќе:

-Мистериозни тегоби: „Хавански синдром“ и во Виена?

-Загонетни звучни напади: САД повлекува дипломати од Куба

-Мистериозна болест кај канадски дипломат на Куба

Агенцијата, исто така, го намалила, од 8 на 2 недели, времето кое лицата поврзани со ЦИА мораат да чекаат на прием во Националниот воено-медицински центар Волтер Рид.

„Сметам дека е голема обврска за кој било челник да се грижи за народот и тоа сум одлучен да го сторам“, изјави Барнс за НПР во првото интервју откако во март стана директор на ЦИА.

Тој потсети оти американската Национална академија на науки потврдила дека е веројатна теоријата оти синдромот предизвикува зраци на „насочена енергија“.

Постои „многу силна можност“ синдромот да е намерно предизвикан и оти Русија би можела да биде одговорна, рече Барнс, воздржувајќи се од конечни заклучоци до завршување на истрагата.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми