Хаг: Ослободителна пресуда за Готовина и за Маркач
16 ноември 2012Хашкиот трибунал денеска им изрече ослободителна правосилна пресуда на хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач, а Жалбениот совет наложи веднаш да бидат ослободени.
Готовина во првостепената постапка од 15 април 2011 година беше осуден на 24 години затвор, Маркач на 18 години, а преостаниот член од хрватската „тројка“, генерал Иван Чермак беше ослободен од обвинението и Обвинителството на оваа одлука не поднесе жалба.
Жалбениот совет на Хашкиот трибунал, на почетокот на читањето на правосилната пресуда за Готовина и за Маркач, изнесе дека нема докази дека тие учествувале во заеднички злосторнички акции со цел насилно да се протера српското цивилно население од Краина.
Претседавачот на Советот, судијата Теодор Мерон изјави, исто така, дека Жалбениот совет делумно ја прифаќа жалбата на Готовина и на Маркач и го отфрла заклучокот дека нападите на Книн, Грачац, Обровац и Бенковац биле противзаконски.
Советот оцени и дека заминувањето на цивилите за време на артилериските напади не може да се смета како депортирање.