1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Хаг отвора истрага за воени злосторства во Украина

БГ /АП
28 февруари 2022

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд изјави дека планира да отвори истрага „во најбрз рок“ за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина.

Ukraine-Krieg- Charkiw | Raketenangriffe auf Wohnviertel
Последици од ракетен напад врз ХарковФотографија: SERGEY BOBOK/AFP

Главниот обвинител Карим Кан во понеделникот соопшти дека истрагата ќе се фокусира на можни злосторства сторени пред руската инвазија, но додаде дека „со оглед на проширувањето на конфликтот последниве денови, мојата намера е оваа истрага да ги опфати сите можни злосторства кои се под надлежност на мојата канцеларија, сторени од било која страна во конфликтот и на било кој дел од територијата на Украина“. 

Судот веќе спроведе прелиминарна истрага за злосторства поврзани со насилното задушување на про-европските протести во Киев во 2014 и 2014 година, наводи за злосторства во Крим, кој Русија го присвои во 2014, како и во источна Украина. 

Во 2020 година, тогашниот главен обвинител Фату Бенсуда рече дека првичната истрага утврдила индикации за „широк обем на однесување кое претставува воено злосторство и злосторство против човештвото“ во Украина. Но, оттогаш досега не беше отворена целосна истрага.

Кан вели дека сегашната истрага ќе ја опфати и претходната и ќе се прошири на можните злосторства сторени од почетокот на руската инвазија.  

Десетици мртви и повредени цивили во руски ракетен напад врз Харков

00:21

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми