1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хаг: Србија поднесува нови докази во тужбата против Хрватска

4 ноември 2011

Во Меѓународниот суд на правдата во Ден Хаг денеска продолжува судскиот процес по тужбата на Србија против Хрватска под обвинение за извршени воени злосторства над хрватските Срби.

Зданието на Меѓународниот суд на правдата во ХагФотографија: DW

Претставниците на Србија денеска пред судиите на Меѓународниот суд на правдата во Хаг треба да поднесат дополнителни аргументи во писмена форма во врска со обвинението против Хрватска.

Инаку претставката на Србија е всушност контра-тужба која оваа земја ја поднесе минатата година пред највисокиот суд на ОН откако претходно во 1999 официјален Загреб поднесе тужба против тогашна Сојузна Република Југославија за извршен геноцид за време на војната во Хрватска од 1991 - 1995 година.

Властите во Загреб на крајот на 2010 година одговорија на српската контра-тужба, а официјален Белград имаше рок до денеска 4 ноемрви да возврати на таа претставка. Хрватска потоа ќе има можност да поднесе уште еден писмен одговор и доколку двете страни дотогаш не се откажат од тужбата, главната усна расправа би можела да биде оддржана во 2013 година.

Автор: СН/бета/миа

Редактор: Борис Георгиевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми