1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потрага по убијците на претседателот на Хаити

ЕМФ / дв
8 јули 2021

По убиството на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, потрагата по убијците е интензивна. Полицијата, според сопствени наводи, убила четворица осомничени убијци. Но, сѐ уште не се сите фатени.

Haiti | Ermordung Präsident Jovenel Moise
Припадници на полицијата на Хаити собираат докази пред резиденцијата на убиениот претседател МоизФотографија: Valerie AFP/Getty Images

„Полицијата е сѐ уште во борба со напаѓачите“, изјави шефот на полицијата Леон Шарл во телевизиско обраќање. Според полициски наводи, четворица „платеници“ се убиени, а две осомничени лица се уапсени.

Непознати напаѓачи во ноќта помеѓу вторникот и средата упаднале во резиденцијата на 53-годишниот претседател Жовенел Моиз и го убиле. Неговата сопруга е ранета и префрлена на лекување во болница во Мајами, САД. Според првичните сознанија, напаѓачите биле странци кои се претставиле како припадници на американската агенција за борба против дрога ДЕА.

Жовенел Моиз беше убиен во неговата резиденција во Порт-о-ПренсФотографија: picture alliance

Амбасадата на Хаити во Вашингтон оцени дека се работи за прецизно испланиран напад од страна на добро обучена и тешко вооружена група. Привремениот претседател на Хаити, Клод Жозеф, во обраќање до нацијата рече дека напаѓачите зборувале англиски и шпански.

Повеќе: Убиен претседателот на Хаити, Жовенел Моиз

По убиството на претседателот, Советот за безбедност на ОН ги повика политичарите во Хаити на умереност. Треба да се избегне натамошна дестаблизиација на ситуацијата во земјата, соопшти Советот за безбедност. Највисокото тело на ОН го осуди атентатот врз Моиз и побара кривично гонење на напаѓачите. Денеска Советот за безбедност треба да одржи уште една седница за Хаити зад затворени врати.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми