1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГлобално

Хакерот осомничен за големиот напад на Твитер има 17 години

Ролф Петер Бројх
1 август 2020

Во Флорида е уапсено момче за кое постои сомневање дека стои зад големиот хакерски напад на Твитер од кој беа погодени профили на многу познати личности, како Барак Обама, Бил Гејтс и Илон Маск.

Twitter und Hacker
Големиот напад се случи на средината од јули Фотографија: Imago Images/M. Weber

Зад хакерскиот напад на Твитер-профили од средината на јули стои 17-годишното момче Г.И.К. од Флорида, се сомневаат американските власти. Осомничениот е уапсен во Тампа. Тој е „водечката глава“ која стои зад нападот, изјави обвинителот Ендру Ворен.

Истрагата против 17-годишникот ја води обвинителството во Флорида, затоа што според локалните закони тој може да биде повикан на одговорност како возрасен. Тоа не би било можно според сојузните американски закони, според кои осомничениот може да добие пониска казна.

Повеќе:

Безпримерен хакерски напад врз Твитер-профили

Трамп се заканува дека ќе го „затвори“ Твитер

Драконски казни

Против двајца други осомничени се води истрага според сојузните закони. Се работи за еден 19-годишник од Велика Британија и еден 22-годишник од Орландо, Флорида. Британецот со псевдоним Chaewon е обвинет за измама, перење пари и пристап до заштитен компјутер. Нему му се заканува казна до 45 години затвор.

Американецот со онлајн-псевдоним Rolex е соочен со обвинувања за помагање при обезбедување пристап до заштитен компјутер, за што следува казна до пет години затвор.

Во големиот хакерски напад на Твитер беа погодени профилите на многу познати личности, како Барак Обама, Бил Гејтс, Илон Маск, Канје Вест, Џеф Безос, Џо Бајден и Ворен Бафет. Хакирани беа и акаунти од фирми, како оној на Епл. Од акаунтите биле објавувани твитови со повик до корисниците да ја испраќаат криптовалутата Биткоин на одредена сметка, поврзани со ветување дека износот ќе биде двојно вратен. Според истрагата, на ваков начин биле собрани повеќе од 100.000 американски долари.

Во претходна верзија на текстот беше прикажана незаматена фотографија од уапсеното лице. Со оглед на принципот на пресумпција на невиност и интересите на малолетни лица во известувањето за кривични дела, фотографијата е заменета. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми