1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хамас победи на изборите на палестинските територии

27 јануари 2006

Радикалното исламистичко движење Фатах и официјално е прогласено за победник на партламентарните избори на палестинските територии. Претседателот на изборната комисија синоќа објави дека Хамас освоил 76, од вкупно 132 места во парламентот со што самостојно може да формира влада

Исмаил Ханиех, лидерот на Хамас
Исмаил Ханиех, лидерот на ХамасФотографија: AP

Победата на Хамас преставува крај на некокудецениската политичка доминација на владејачката партија Фатах која според резултатите освои само 43 места во парламентот. Претседателот Махмуд Абас изјави дека ќе побара од Хамас да формира влада, додавајќи дека сака да продолжат напорите за постигнување мировен договор со Израел.

Хамас покажа висока доза на самоувереност и подготвеност на разговори. Постои воља поразениот Фатах да се повика да учествува во владата на национално помирување„ изјави портпаролот на Хамас, Сами Абу Зухри. Барем засега во редовите на Фатах нема расположение за прифаќање на овој предлог. Главниот мировен преговарач Саеб Ерекат, кој во градот Јерихо доби еден од малубројните директни мандати за Фатах го отфрли предлогот:

„Очекувам претседателот Абас да побара од Хамас да формира влада. Фатах нема да преземе никаква улога во влада на национално помирување. Мислам дека е дојдено време за обновување на Фатах, повторно дефинирање и обид да се врати довербата во јавноста. Ние имаме доста работа и ќе ја преземеме улогата на лојална опозиција„

Махмуд Захр, еден од водечките личности на Хамас во појасот на Газа зборува за продолжување на мировниот процес со Израел. Хамас веќе една година го почитува примирјето кое го договорија палестинските и израелските власти. Доколку Израел тоа не го прекрши, тогаш тоа нема да го сториме ниту ние, рече преставникот на Хамас и додаде:

„ Ни не си играме тероризам или насилство. Ние сме под окупација. Израелците продолжуваат со агресија против нашиот народ, убиства, затварања, уништувања. За да го спречиме тоа употребуваме средства за самоодбрана во секаква смисла, вклучително и оружје. Доколку Израел ја запре агресијата, ќе го почитуваме до она што се нарекува мир„ рече Захр

Победата на Хамас синоќа наголемо се славеше во појасот на Газа.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми