1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хамас призна дека ги киднапирал израелските тинејџери

БГ/афп/миа21 август 2014

Висок претставник на Хамас изјави дека членови на исламистичкото движење ги киднапирале тројцата израелски тинејџери, чија смрт во јуни предизвика насилство што доведе до конфликтот во Појасот Газа.

Фотографија: REUTERS

За време на конференцијата на Меѓународната унија на исламистите во Истанбул, Салех ал Арури, претставник на Хамас од Западниот Брег, кој живее во Турција, ги потврди израелските обвинувања дека исламистичкото движење стои зад киднапирањето на тинејџерите.

„Имаше многу шпекулации околу оваа операција, некои дури велеа дека се работи за заговор. Народната волја беше спроведена на окупираните територии и кулминираше со херојската операција на Касам бригадите со апсењето на тројцата доселеници во Хеброн“, рече Ал Арури.

Тоа е прво признание за вмешаноста на Хамас во киднапирањето на израелските тинејџери. Тројцата беа киднапирани на 12 јуни годинава додека стопирале на пат во Западниот Брег, а потоа и убиени.

Раководството на Хамас се’ уште не ја коментираше изјавата на Арури, но досега одбиваше да одговори на обвинувањата дека е одговорен за киднапирањето и убиството на момчињата. Двајца од Палестинците, кои Израел ги посочи како киднапери, се’ уште не се уапсени. Третиот осомничен е уапсен и признал дека киднаирањето е финансирано од Хамас во Појасот Газа.

Убиени команданти на Хамас

Претходно во текот на денот Хамас ја потврди и веста за смртта на тројца свои високи функционери во акција на израелската армија.

Тројцата убиени - Мохамед Абу Шимала, Раед ал-Атар и Мохамед Бархум, се сметаа за водечки команданти на Хамас во јужниот дел од Појасот Газа. Според израелското радио, ова се највисоките по ранг луѓе на Хамас чија смрт е потврдена од почетокот на најновите израелски воени напади во Појасот Газа, пред околу шест недели. Тие тројцата, тврдат израелски извори, учествувале во киднапирањето на израелскиот војник Гилад Шалит во 2006 година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми