1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хамас ја потврди смртта на свои водечки команданти

ЖА/дпа/афп/ртре21 август 2014

Радикално-исламскиот Хамас, кој владее во Појасот Газа, соопшти за смртта на тројца свои команданти. Тие биле убиени во израелските воздушни напади во јужниот дел од Појасот Газа.

Фотографија: Reuters

Тројцата убиени - Мохамед Абу Шимала, Раед ал-Атар и Мохамед Бархум, се сметаа за водечки команданти на Хамас во јужниот дел од Појасот Газа. Според израелското радио, ова се највисоките по ранг луѓе на Хамас чија смрт е потврдена од почетокот на најновите израелски воени напади во Појасот Газа пред околу шест недели. Тие тројцата, тврдат израелски информации, учествувале во киднапирањето на израелскиот војник Гилад Шалит во 2006 година.

Израелската авијација ноќеска (20.08) изврши масивни напади врз Појасот Газа. Бомбардирани биле 20 цели во различни места, соопшти портпаролка на војската. Милитантните Палестинци пак ноќеска истрелале само една ракета кон Израел, над градот Офаким, која била пресретната од израелската противракетна одбрана.

Но, вчера во правец на Израел, според медиумски извештаи, биле испалени најмалку 175 ракети, најголем број од почетокот на новиот воен судир во Газа на 8 јули.

Хамас во меѓувреме ги предупреди странските авиокомпании кои го користат аеродормот Бен Гурион во Тел Авив. На него тие веќе не треба да слетуваат, изјави претставник на телевизијата, без да наведува детали. Но, уште порано Хамас целеше со ракети на аеродромот. На крајот на јули американските, но и повеќе европски авионски компании, од безебдносни причини ги прекинаа летовите кон и од Тел Авив, откако една ракета стигна во негова близина.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми