1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ханау: Омраза во срцето на Германија

Инес Пол
20 февруари 2020

Убиствата во Ханау покажуваат дека ескалацијата на омразата е стигната во Германија. Ова брутално насилство мора конечно да ги натера политиката и општеството плански да реагираат, смета Инес Пол.

Deutschland Hanau | Schießerei & Tote | Midnight-Shisha Bar
Фотографија: Reuters/R. Orlowski

Сега и Ханау. По трет во неколку месеци, омразата и лудилото избија на површина во Германија. Откако конзервативниот политичар Валтер Либке беше убиен минатата година пред својата куќа поради ангажманот за бегалците, есента во Хале само силната врата на синагогата спречи крвопролевање од страна на еден десен екстремист.
И сега во Ханау кај Франкфурт еден човек уби десет луѓе. Во видеото снимено пред злосторството тој шири расизам и теории на заговор, а потоа ги застрела луѓето во два наргиле-барови, и на крајот и својата мајка.

На тие убијци заедничка им е омразата против се што не се вклопува во нивната националистичка дефиниција на Германија. Без оглед дали биле меѓусебно поврзани или не, или биле во контакт со други десно-радикални луѓе и групи: Германија мора да го прифати фактот дека ескалацијата на таа омраза стигна до срцето на нашата земја. Политиката и граѓанското општество мора да се позанимаваат со тоа дека станаа плодно тло за тие убијци од расистичка, женомрзечка и десно-екстремна идеологија, кои во бројни кругови повторно станаа прифатливи.
Тие убиства не треба да се гледаат како изолирани поединечни случаи. Без оглед дали насилството е насочено кон прогресивните политичари, евреите или муслиманите, тоа е израз на она што во општествената клима во Германија повторно може да успева. И тие се страшен повик за будење, да провериме дали државата се уште ги поседува вистинските инструменти за вршење на своите задачи, за заштита на индивидуалната безбедност на сите граѓанки и граѓани. И тоа така како што е запишано во нашиот Устав- независно од потеклото, верата и полот.

Инес ПолФотографија: DW/P. Böll

Омразата и лудилото на интернет сеат смрт

Кои мерки можат да се преземат за да се исуши мочуриштето на омразата и лудилото на интернет? Затоа што тоа не е виртуелен космос на бедни и залутани души, кои таму се изживуваат под заштита на слободата на информирање. Ханау е уште еден доказ дека хушкањето на народот не останува без последици. Туку носи смрт.
Политиката сега мора да реагира јасно, брзо и недвосмислено. Не само со зборови. Инаку состојбата ќе се сврти и на крајот ќе биде на коцка се што ја карактеризира нашата правна држава со индивидуалните слободи и права. Германската канцеларка Ангела Меркел најде прикладни зборови. Точно е дека „расизмот е отров“. Но, само дијагнозата не е доволна. Одговорот мора да биде јасна најава на борба: против сите идеологии кои го презираат човекот и против нивното ширење на интернет. Таа одговорност не може да биде префрлена само врз Фејсбук или Твитер или на други големи концерни.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми