1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хан: Октомври е целта, реформите да продолжат

БГ
25 јули 2019

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска од Скопје порача дека е убеден оти земјата во октомври ќе го добие долго очекуваниот датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

PK Türkei EU Dialog in Ankara
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Ozbilici

Еврокомесарот Хан призна дека е дојден во Скопје да дискутира за реформите во областа на владеењето на правото и независноста на судството со политичките лидери. Според Хан, Законот за јавното обвинителство е од особена важност за земјата, затоа што преку него се прави чекор напред во битката против корупцијата и организираниот криминал.

„Можам само да ги поттикнам сите политички партии. Нашата црвена линија е дека секое решение мора да земе предвид оти не може во транзициската фаза да има изгубени случаи. Никој не смее да биде амнестиран од целиот процес поради неспособноста да се исполнат одредени рокови. Затоа тоа мора да се гарантира. Така ние го гледаме владеењето на правото“. 

Премиерот Заев му ветил на Хан дека реформите ќе продолжат, а пред јавноста му порача на „Јавното обвинителство да ја продолжи постапката во случајот 'Рекет' без разлика до кого ќе стигне.“ 

На оваа тема Хан денеска ќе дискутира и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и на ДУИ, Али Ахмети, а ќе се сретне и со шефот на државата Стево Пендаровски. 

„Блиску сте да направите голем исчекор во октомври. Важно е да продолжите да испорачувате реформи. Од особена важност за земјата е законот за Јавното обвинителство“, рече Хан.

Тој изрази жалење што земјата не добила датум за почеток на преговори во јуни годинава, но верува оти тоа ќе се случи во октомври.

„Уверен сум дека оваа одлука ќе биде донесена во октомври. Северна Македонија работеше вредно и ЕУ мора да ги почитува своите обврски“, рече Хан. Еврокомесарот оцени дека и последната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон, дадена во Белград, говори позитивно во таа насока.

„Макрон за првпат потврди дека процесот на пристапни преговори може и треба да се одвива паралелно. Ова е голем чекор напред“, рече Хан. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми