1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хан е оптимист за почетокот на пристапните преговори

СН/ агенции
26 април 2019

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за ДПА истакнува дека Северна Македонија јасно заслужила отворање на пристапните преговори со ЕУ во најбрзиот можен термин.

Westbalkan Gipfel in London Johannes Hahn
Фотографија: Imago/A. Parsons

Спроти претстојниот мини-самит во Берлин (29.04.) на кој германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ќе ги пречекаат лидерите на земјите од Западниот Балкан, германската новинска агенција ДПА објави интервју со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во кое меѓу другото станува збор и за одлуката која во јуни треба да ја донесе Европската унија околу почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. 

На прашањето дали двете земји можат да сметаат на неговата поддршка кога станува збор за почетокот на пристапните преговори со ЕУ планиран за јуни годинава, Хан одговора: „Јас сум оптимист, верувам дека Европската комисија кон крајот на мај, врз основа едногласно усвоените критериуми ќе даде позитивна препорака за двете земји. Потоа земјите членки ќе треба да донесат одлука, во која ќе бидат вклучени  и актуелните политички оценки -како што во случајот на Северна Македонија е ставањето крај на спорот за името со Грција“.

Според Хан , решавањето на овој спор како и Договорот за добрососедство со Бугарија се патоказни сигнали за целиот регион, дека е можно решение дури и за долгогодишни конфликти. Еврокомесарот затоа истакнува: „Земјата јасно заслужи да добие зелено светло за отворање на пристапните преговори во најбрзиот можен термин - значи уште пред годинешната летна пауза“

Повеќе:

-Невладини со повик до ЕУ: Скопје и Тирана да почнат пристапни преговори

-Хан е за почеток на подготвителна фаза за преговори со Северна Македонија

А доколку не биде дадено „зелено светло? - „Станува збор за кредибилитетот на ЕУ. Државите членки самите го одредија датумот за одлуката за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија . Одложување и непризнавање на објективно постигнатиот напредок на земјите кандидатки ќе има драматични последици како за нив така и за  целиот регион. Тоа така да се каже би предизвикало негативен домино ефект.  Бидејќи каков мотив би имале земјите од Западен Балкан да ги спроведат тешките реформи и да им стават крај на конфликти како оној меѓу Косово и Србија, ако тоа не се пријдат чекор поблиску до Европската унија? "

„ За Северна Македонија одбивањето да ги почне преговорите или одложувањето на почетокот на преговорите, би било особено ризично. Оваа земја веќе една деценија добива позитивна препорака од Евролкомисијата кога станува збор за отворање на преговорите за членство, но тоа не се случи поради спорот за името. Ако сега, по решавањето на тој триесетгодишен конфликт, и покрај постигнатите реформи земјата повторно биде разочарана, постои опасност од внатрешна дестабилизација со соодветните последици за регионот. Со други зборови само со веродостојна политика ќе успее унапредувањето на процесот на реформи на Западен Балкан и зачувувањето на нашето влијание во регионот ", вели меѓу другото, Јоханес Хан, за агенцијата ДПА.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми