Во интервју за ДВ на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан во Лондон, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан истакнува дека земјите аспиранти своите билатерални конфликти треба да ги остават пред портите на Унијата.
Реклама
Европската унија според еврокомесарот за проширување Јоханес Хан веќе има незгодни искуства од од минатото со земји кои не ги решија своите билатерални спорови пред пристапувањето во ЕУ, каков што е случајот со Словенија и Хрватска, но и други примери. „Врз основа на овие искуства ние се договоривме да примаме нови членки само ако тие пред пристапот ги имаат решено своите билатерални конфликти. Се покажа дека тоа е важен и исправен пристап - ако погледнеме позитивниот развој меѓу Скопје и Софија, Скопје и Атина или решавањето на граничниот спор меѓу Косово и Црна Гора“ , изјави во интервју за ДВ во Лондон, Јоханес Хан.
Хан: Во ЕУ само со решени билатерални спорови
00:50
Тој претходно во рамките на конференцијата во Четам Хаус во Лондон, која беше дел од програмата на самитот, и на која учествуваше и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров ги поздрави добрите вести од Балканот и посебно ја истакна Македонија, која според него напредува со големи чекори.
Почетокот на пристапните преговори може да се очекува веќе во јуни 2019 година, смета Хан. Според него 25 земји членки го поддржуваат почетокот на преговорите со Македонија, а три земји во моментов се противат. Тоа се Франција, Холандија и по малку изненадувачки- Данска.
„Веројатно причина за тоа се изборите за Европскаиот парламент наредната година, по кои очекувам поконструктивна улога на тие земји“, рече Хан. Во таков случај, според него Македонија до крајот на наредната година би можела да ги отвори и првите поглавја во преговорите.
Договор за решавање на спорот за името
Договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција беше потпишан на 17 јуни 2018. Тој би требало да му стави крај на спорот кој трае четврт век. Но, до неговото конечно спроведување има уште работа.
Договорот за решавање на спорот за името во Псарадес, на грчката страна од Преспанското Езеро, го потпишаа министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас. „Горди сме затоа што избравме решение што нѐ обединува“, оцени македонскиот премиер Заев. Неговиот грчки колега Ципрас рече: „Овде сме да ги залечиме раните што ги остави времето, да отвориме пат за мир, братство и пораст“.
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis
Роденден
Потпис на договорот стави и долгогодишниот посредник на Обединетите Нации во спорот за името, Метју Нимиц. Потпишувањето се падна токму на неговиот 79-ти роденден. „На членовите на моето семејството им реков дека не сакам подароци за овој роденден, зашто двајца премиери ќе ми дадат еден голем подарок“, рече Нимиц на церемонијата во Псарадес.
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis
Вратоврска
Кога по потпишувањето на договорот требаше да се направи семејна фотографија од настанот, македонскиот премиер Зоран Заев, веројатно не сакајќи да се разликува од Алексис Ципрас, кој е познат по тоа што не носи вратоврски, ја извади својата црвена вратоврска и му ја подари на својот грчки колега. Тоа беше поздравено со широки насмевки и громогласен аплауз од присутните.
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis
Договорот зачинет со македонска храна и вино
Официјалната средба по потпишувањето во Псарадес се префрли на македонскиот брег на Преспанското Езеро. Двете делегации до Отешево стигнаа по воден пат, со чамци. Во Отешево се водеа билатерални разговори и имаше свечен ручек. На заедничкиот ручек присуствуваа и претставниците на Европската Унија и Обединетите Нации – Федерика Могерини, Јоханес Хан, Метју Нимиц и Розмари Ди Карло.
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis
Протести во Скопје
Потпишувањето на договорот за решавање на спорот за името предизвика протести во Македонија. Демонстрантите пред Собранието на 17.06.2018 се судрија со полицијата. Во безредијата имаше повредени и приведени лица. Според полициски наводи, има неколку повредени полицајци, како и над 25 уапсени учесници на протестите. Официјален организатор на протестите нема.
Во Грција исто така се протестира. Противниците на договорот за решавање на спорот за името во Атина за време на расправата за доверба на владата на Ципрас се судрија со полицијата пред парламентарната зграда (фото: 16.06.2018). Полицијата мораше да употреби солзавец за да ја разбие толпата која се обиде да влезе во парламентарната зграда. Владата го преживеа гласањето.
Фотографија: Reuters/C. Baltas
Уште многу работа
Ставањето потпис на Конечната спогодба за решавање на спорот за името е само еден од чекорите кои следуваат во наредните месеци до конечно решение. Следува ратификација во македонското Собрание, референдум на кој македонските граѓани ќе се изјаснат за договорот, а потоа и ратификација во грчкиот парламент.