1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хан: Политичките лидери да се држат до она што го потпишале

Е.М. Фиданоска / euractiv.de6 јуни 2016

Еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за порталот ЕурАктив оценува дека треба да се спроведе Пржинскиот договор, да се повлече целосно амнестијата и да му се даде поддршка на СЈО.

Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Seeger

Во интервјуто за порталот ЕурАктив, кој се занимава со теми поврзани со европската политика и ЕУ, еврокомесарот Јоханес Хан, денеска во врска со состојбата во Македонија, протестите и блокадите на политичкиот процес, оценува дека е потребно целосно спроведување на Договорот од Пржино.

На прашањето - како натаму по одложувањето на изборите во земјата, тој одговара:

„Постојано подвлекував што очекуваме од политичките лидери во земјата: целосно спроведување на Договорот од Пржино, кој го постигнаа политичките лидери минатото лето, и кој и натаму е во сила. Сериозно работење на реформите за правна држава. Целосно повлекување на амнестијата од страна на претседателот Иванов, и не како последно - неограничена поддршка на работата на специјалната обвинителка, што е дел од Договорот од Пржино.“

За надминување на блокадите во земјата, според еврокомесарот Хан, интересите на Македонија и нејзините граѓани треба да се стават пред партиско-политичките интереси:

„Во основа, се работи за тоа интересите на земјата и нејзините граѓани да се стават пред партиско-политичките интереси. Европската унија и меѓународната заедница дадоа што е можно од себе за да му дадат поддршка на демократскиот реформски процес. Но, спроведувањето може да успее само ако политичките лидери се држат до договорите кои ги потпишале и до своите обврски и ако за тоа преземат одговорност“, вели во врска со ситуацијата во Македонија еврокомесарот Хан во интервјуто за порталот ЕурАктив, кој себеси се декларира како водечки медиум за европска политика.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми