Идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово не треба да се отфрла и покрај загриженоста во регионот и пошироко, изјави комесарот на ЕУ за соседска политика Јоханес Хан. Во Брисел денеска продолжи дијалогот
Реклама
„Во овој момент треба да им овозможиме на обете страни да ја дискутираат оваа и други идеи и, со поддршка на ЕУ, да преговараат за нив“, изјави Хан за германскиот весник Ди Велт во пресрет на денешната нова рунда преговори во Брисел меѓу косовскиот и српскиот претседател Хашим Тачи и Александар Вучиќ со посредство на шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини.
Според Могерини, по денешните одвоени разговори со Вучиќ и Тачи „останале потешкотиите меѓу Белград и Приштина“. Следната средба се очекува во наредните недели.
Хан вели дека разбира оти се работи за емоционално прашања, но ги отфрла стравувањата дека промените на границите можат да водат кон етничко регрупирање. „Тоа нема да се случи“, вели еврокомесарот.
Хан е убеден оти „владите во Србија и Косово ќе се однесуваат одговорно“, додавајќи дека било каков договор ќе добие меѓународна поддршка само доколку ги исполни регионалните барања и доведе до поголема стабилност во регионот.
Се очекуваше дека идеите за размена на територии ќе се најдат на агендата на денешните разговори во Брисел. Нема потврда дали тоа се случило. Шпекулациите велат дека плановите се јужниот дел на Србија околу доминантно албанското Прешево да биде припоен кон Косово, а Србија во замена да го добие северниот дел на својата поранешна покраина околу Митровица.
Постојат стравувања дека промената на границите би можело да отвори слични барања во Босна, Македонија и Црна Гора. Германија и други ЕУ партнери веќе изразија стравување дека тоа би можело да ги отвори старите рани на Балканот, наместо да ги реши долгогодишните спорови.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сигнализираше дека ќе прифати било кое решение кое ќе го договорат двете страни.
Прешево сонува за живот во Косово?!
02:05
Зоран Остоиќ, аналитичар од Белград, за агенцијата Асосиејтед Прес вели дека состанокот во Брисел не треба да се очекува брз договор, и покрај зголемените очекувања.
Вучиќ и Тачи „го тестираат теренот, особено пред меѓународната заедница“, со исфрлањето на оваа идеја, вели тој.
„Којзнае како тоа ќе заврши?“, предупредува Остоиќ, алудирајќи на стравувањата од верижна реакција на Балканот.
Србија и Косово: 15 погледи на „внатрешниот дијалог“
Уставот на Србија вели: „Покраината Косово и Метохија е составен дел на територијата на Србија...“ Уставната рамка главно ја игнорира политичката стварност. Уличните призори зборуваат за расположението во земјата.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Српскиот „ѕид на плачот“
Српските граѓани веќе навикнаа на тоа зградата на парламентот да се порабува со лица на загинати и грабнати луѓе во „Вториот косовски бој“. Овој жичен ѕид е отстрануван повеќепати, но тој повторно се појавува како обвинување на сметка на Западот и албанските герилци.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Лицата обвинуваат
Лицата на киднапирани Срби од 1989/1999 година служат како главен аргумент за обвинувања на сметка на Северноатлантскиот Сојуз и Европската Унија.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Меѓу Косово и Крим
Моден детал со политички некоректна русофилска формула на белградската пешачка зона. Туристите од Запад радо го купуваат бизарниот сувенир.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Руска алтернатива
Борис Тадиќ во предизборната кампања во 2008 година го ифрли слоганот „И Косово и Европа“. Овој графит одговара на очекуван начин.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Таблоидите србуваат
Острите политички пароли на ѕидовите можеби станаа поретки затоа што сѐ повеќе врескаат насловите на таблоидните печатени производи.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Браќата Шпанци
Шпанскиот е популарен во Белград. Не толку во училиштата за странски јазици, колку во „Немањина“ улица, во близина на Министерството за надворешни работи.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Срце и аритмии
Додека еден белграѓанин се обидува да пронајде нешто корисно во отпадот, од ѕидот го бодри позната крилатица.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Кој не е со нас е против нас
Фудбалскиот сојуз на Србија попусто се бунеше против одлуката на УЕФА од мај 2016-та за прием на Косово како полноправна членка. Одлуката е конечна од почетокот на 2017-та.
Фотографија: DW/D. Dedovic
ЕУ како империја
Космет всушност е кратенка (Косово и Метохија). Во зборот „Евробска“ се сокрила придавката „робска“.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Вдахновение во премин
Плод на патриотско-поетско вдахновение на ѕидот на премин меѓу главната и една споредна улица во Лексовац.
Фотографија: DW/D. Dedovic
На КиМ со благослов
Дел од уличните призори во градовите се и повиците за обиколка на манастирите и на српските општини на Косово, со благослов на црковните власти.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Римување, некому стравување
Опомена за српската политичка елита, доколку некој случајно помислува на некаков вид признавање на косовската независност.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Урнатини кои опоменуваат
Своевиден споменик кој со својата наказност во градскиот пејсаж потсетува на бомбите кои во 1999 година ги испрати НАТО.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Албанци кои се сакаат
Актерската легенда Беким Фехиу од 2010 година (кога си го одзеде животот) не е меѓу живите белграѓани, но неговата книга и натаму е хит во излозите на белградските книжарници.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Трунка надеж
Повеќето графити на улиците сепак се тематски надвор од „внатрешниот дијалог“. Можеби најрадикалните пароли се преселени на социјалните мрежи.