1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хан уверен дека Македонија и Грција можат да го решат спорот

БГ
19 јануари 2018

Србија и Црна Гора најверојатно ќе бидат следните држави кои ќе и се приклучат на Европската Унија во 2025, вели во интервју за агенцијата Ројтерс, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Јункер на балканска турнеја.

EU Johannes Hahn EU-Kommissar
Фотографија: DW/B. Riegert

Европската Унија со дипломатски напори сака да го забрза приближувањето на шесте држави од Западниот Балкан кон семејството на ЕУ.
„Време е да ја завршиме работата започната во 1989 година“, вели еврокомесарот Јоханес Хан во разговор за Ројтерс.

„Како можен датум за (влез на, н.з.) Србија и Црна Гора ја сметаме 2025 година, што е реалистично, но и многу амбициозно“, вели Хан.

Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија се надеваат на членство во ЕУ, но се соочија со намален интерес во последниве години, во прв ред, поради внатрешните проблеми во Унијата.

Но, растот на руското влијание, мигрантската криза, засиленото авторитарно владеење во Турција и желбата да се зајакне европската интеграција по заминувањето на Велика Британија во 2019 година, му даваат нова шанса на Балканот.

„Или ќе извезуваме стабилност во регионот или ќе увезуваме нестабилност“, вели Хан. Според него, процесот на пристапување кон ЕУ е најдобриот начин за борба против корупцијата, организираниот криминал и заканата од авторитарност во регионот.

Јункер на балканска турнеја

Со цел да ги засилат пораките кон регионот и да манифестираат поддршка, најпрво еврокомесарот Хан ќе ја посети Србија во февруари, а по објавувањето на стратегијата на Европската комисија за Западниот Балкан, сите земји од регионот ќе ги посети и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер се подготвува за западно-балканска турнеја.Фотографија: picture alliance/dpa/AA

Во уште еден сигнал за регионот, пишува Ројтерс, постои можност Македонија да добие покана за членство во НАТО, доколку најде решение за спорот со Грција околу името.

Хан вели дека е уверен оти проблемот може да се реши по разговорите во ОН овој месец. И генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер за време на посетата на Скопје порача дека се надева оти спорот ќе биде затворен.

Но, пречките за членство во ЕУ се бројни, кај сите земји. Банкарскиот сектор и правосудството се слаби во сите шест земји, а примањата во регионот се едвај 30 проценти од просекот во еврозоната, според ММФ. Остануваат и лузните од војните кои се водеа на подрачјата на поранешна Југославија во 1990-те.

Стратегијата на ЕУ, меѓудругото, се заснова и на целосна нормализација на односите меѓу Србија и Косово до крајот на 2019 година, како што се наведува и во нацрт верзијата на стратегијата која ја виделе новинарите на Ројтерс.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми