1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хаосот во италијанскиот фудбал

13 ноември 2007

Масовните судири на навивачите и полицијата во Италија кои ескалираа по убиството на симпатизер на тимот на Лацио од страна на еден полицаец е една од централните теми на коментарите во германските дневни весници

Фотографија: dpa

Весникот Алгемајне Цајтунг во денешниот коментар забележува:

„ Фудбалот во земјата на актуелниот светски шампион е на дно. Цела низа пропусти доведоа до хаос во Италија. Тоа што еден полицаец уби навивач на Римски Лацио,е трагиниот дел од настанот. А тоа што Италија реагира грубо на немирите, тоа е погрешна тактика. Политичарите, но и одговорните работници во фудбалот не ја сватија својата одговорност.Сега натпреварите се откажани. Тоа значи само дека -толпата победи, закључува во коментарот весникот „Алгемајне Цајтунг„

Во коментарот на „Келнишен Рундшау„ читаме:

„ Стотици можеа да се видат како дивеат низ улиците на Рим, опожаруваат и грабаат јавни објекти, полициски касарни. Зошто полицијата има пендреци? Зошто никој не презеде чекори? Затоа што нема политичка воља. Во Италија јасно се гледа дека владата на левиот центар реагира тромо на желбата на граѓаните за безбедност. Епилогот: Потресените граѓани се повеќе се закануваат дека на изборите ќе гласаат за десноекстремните партии кои се изјаснуваат за поголема безбедност„ читаме во „Келнишен Рундшау„

Коментаторот во „Франкфуртер Рундшау„ на истата тема забележува:

„ Светскиот првак во фудбал ги има најлошите стадиони од сите врвни нации. Ја има една од најкорумпираните лиги во Европа. Италија дозволи врвните играчи отворено да го покажуваат својот расизам. Италија сама создаде навивачи кои сега мора да ги прогонува како терористи. Германците мора добро да внимаваат за да не им се случи нешто слично. Бидејќи на истокот во Германија, во понискиот ранг лиги, управите на клубовите веќе капитулираа пред десничарската сцена на навивачите„ закључува во коментарот весникот „Франкфуртер Рундшау„

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми