1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хаос поради штрајкот во Франција

ЕМФ / дв
21 декември 2019

Порад штрајкот на железницата многу Французи се соочени со можноста да не стигнат дома за Божик. Отпорот против пензиската реформа засега е нескршлив.

Frankreich Streik Rentenreform Fahrgäste
Фотографија: picture-alliance/AA/J. Mattia

Штрајкот на француската железница не прекинува, па многу Французи веројатно нема да можат да стигнат кај семејствата пред Божик. Сообраќајот е многу редуциран и викендов. По огорченоста која ја предизвика штрајкот насочен против пензиските реформи, француската железница СНЦФ вети дека сепак ќе им овозможи на децата да патуваат сами со воз.

Портпаролка на СНЦФ изјави дека утре ќе бидат ставени на располагање 5000 места во 14 брзи возови за сите деца патници на возраст од 4 до 14 години. Тоа е можно откако дел од машиновозачите изразија подготвеност сепак да возат.

„Ова е нечовечки“

Претходно железницата соопшти дека до 24 декевмри децата кои сами патуваат со воз тоа нема да можа да го прават. Таквата одлука погоди околу 6000 деца. Семејствата беа известени дека билетите се сторнирани. Железницата аргументираше дека потегот е преземен поради тоа што не била во можност да гарантира за „безбедноста“ на малите патници и не може да обезбеди дополнително згрижување.

Повеќе: 

Штрајкот продолжува - зошто пензиите ја поделија Франција?

Франција парализирана: 800 илјади луѓе протестираа против реформата на Макрон

Синдикатот ЦГТ, кој го поддржува штрајкот веќе две недели, оцени дека тоа е „скандал“. Огорчено реагираа и многу родители и политичари. „Ова е нечовечки“, напиша една жена на Твитер. „Син ми плачеше цела ноќ затоа што нема да може да го види татка си на Божик.“

Планот за возење на 23 и 24 декември е многу редуциран. Шест од десет брзи возови се откажани. До својата дестинација може да стигне само секој втор патник. Другите имаат добиени нови резервации, но слободни места речиси нема.

Само секој втор патник може да стигне до целтаФотографија: picture-alliance/AA/J. Mattia

Хаос на улиците

Многу Французи сега се ориентирани на автомобили или автобуси. Денеска се очекуваат долги колони на патиштата.

Многу вработени во железницата протестираат поради планираната пензиска реформа. Владата предлага пензионирање со 64 години, наместо со 62 како досега. Штрајкот трае веќе 16 дена, а во Париз не возат и голем број трамваи и автобуси.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми