Според надлежните, во поплавите кои ги зафатија северните делови на Скопје, досега загинаа 22 лица, а околу 100 се повредени. Се уште нема проценки за предизвиканата материјална штета. Расчистувањето оди бавно
Реклама
Катастрофата низ фотографии
Според надлежните, во поплавите кои ги зафатија северните делови на Скопје, досега загинаа 22 лица, а околу 100 се повредени. Се уште нема проценки за предизвиканата материјална штета. Расчистувањето оди бавно
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
Волонтерите во акција
Во понеделникот повеќе невладини и граѓански организации започнаа акција за собирање помош за настраданите во поплавите. Помошта се собира кај трговскиот центар „Веро-Џамбо“ во Скопје и на други локации.
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/Lachner
Да се спаси она што остана
Последни обиди да се спаси она што може да се спаси од покуќнината. Многумина погодени од поплавите останаа буквално без ништо.
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
Бегство од катастрофата
Многу жители на населбите зафатени од катастрофата одлучија да се евакуираат, а најголемиот дел успеаја да понесат само мал дел од она што им останало по невремето.
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
Херојот од Стајковци
Добре Соколовски е еден од јунаците од кобната саботна вечер во Стајковци, скопското село кое буквално е збришано од воденото цунами. Во кал до колена спасува што може да се спаси од кршот што останал од неговата куќа на влезот од селото непосредно до автопатот.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Непресметана материјална штета
Од надлежните се уште нема проценка за материјалната штета која ја предизвика невремето. Фотографиите на уништени автомобили и домови, како оваа, ја покажуваат силата на природната непогода.
Фотографија: picture-alliance/abaca/AA/B. Ademi
Расчистување на теренот
Екипите на штабот за заштита и спасување работат на терен со сета расположлива човечка сила и механизација за расчистување на последиците предизвикани од големото невреме кое го зафати Скопје.
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
Насекаде хаос
Во селото Стајковци насекаде кал, урнатини, камења, искршени автомобили, јавува нашиот дописник. Луѓе помагаат едни на други за да спасат што може да се спаси. По улиците сѐ уште можат да се сретнат пцовисани животни. Нема струја, вода. Се стравува од можни зарази.
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
Деноноќна работа
Во Стајковци и околните села акцијата за расчистување трае деноноќно. Ангажирани се армијата, полицијата, на помош се повикуваат и доброволци. Пристигнува и хуманитарна помош од добронамерници, фирми, разни организации, обични луѓе.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Уништена обиколница
Според проценките, уништени се околу два километри од автопатот околу Скопје, а штетата се проценува на околу 5 милиони евра. Од надлежните се уште нема одговор зошто е толку голема штетата на делови од обиколницата која беше пуштена за сообраќај во 2009 година.
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
9 фотографии1 | 9
Бројот на жртвите од поплавата во Скопје денеска се искачи на 22 лица, откако полицијата потврди дека ги пронашла посмртните останки на едно 12-годишно момче. Се трага по уште едно 16-месечно бебе. Во јавноста и на социјалните мрежи се шпекулира и со други исчезнати или загинати лица, но засега нема официјална потврда на таа информација. Од Управата за хидрометеоролошки работи за четврток попладне и петок најавуваат ново невреме во земјата. Во санирањето на последиците од невремето ангажирана е армијата на РМ, полицијата како и бројни волонтери. Помош пристигнува од ЕУ, како и од соседните земји.
Граѓаните и невладините организации собираат помош за настраданите на неколку пунктови во Скопје. Од надлежните нема официјални проценки за штетата која ја предизвика невремето, ниту анализа за причините поради кои поплавата однесе толку многу жртви. Мештаните на поплавените населби се жалат дека се оставени сами на себе и раскажуваат потресни сведоштва за преживеаното.
Жителите на Стајковци за ДВ велат дека се револтирани и поради однесувањето на политичарите кои, според нив, доаѓаат само за да се сликаат, наместо „да се фатат за лопата“. „И политичариве кои ни парадираат пред очи да Ви кажам искрено повеќе не можам да ги гледам. На што личи овој театар. Па срамота е. Ако сакаат да помогнат, нека дојдат и тие заедно со нас да се фатат за лопата, а не само да се сликаат“, револтиран е Благојче од Стајковци.