1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Харви Вајнстин виновен за силување

БГ /РТР
24 февруари 2020

Познатиот продуцент се соочува со долгогодишна затворска казна откако поротата го прогласи за виновен за сексуален напад и силување на две жени. Против него сведочеа 80 жени.

USA New York Weinstein Prozess
Фотографија: picture-alliance/newscom/UPI Photo/J. Angelillo

Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин е прогласен за виновен за сексуален напад од судот во Њујорк, но е ослободен од обвинувањето за најсериозното дело поради кое му се закануваше казна доживотен затвор.

Некогаш еден од најмоќните продуценти во Холивуд, 67-годишниот Вајнстин е прогласен за виновен за сексуален напад врз поранешната асистентка Мими Хејли во 2006 и за силување на актерката Џесика Ман во 2013. Му се заканува казна од 25 години затвор.

Поротата го ослободи Вајнстин од двете обвинувања за сексуален напад со умисла- за што можеше да добие доживотен затвор, и за силување од прв степен врз Ман.
Обвинувањата против Вајнстин, како и случајот на телевизискиот могул Ричард Ајлс неколку години претходно, го инспирираа #MeToo движењето покрај кое многу жени се осмелија јавно да проговарат за сексуални напади од моќни мажи.

Вајнстин, кој за време на судењето често делуваше слабо и изнемоштено, беше обвинет од 80 жени, меѓу нив и бројни познати актерки, за сексуално насилство кое траело наназад со децении. Тој ги отфрли сите обвинувања и тврдеше дека сексот бил со согласност од обете страни. Во повеќенеделното судење, десетици жени сведочеа за силување, орален секс под принуда, мастурбации и закани од Вајнстин. 
Без оглед каква казна ќе добие Вајнстин на судењето во Њујорк, него го очекува тужба и во државата Калифорнија, каде десетина жени поведоа граѓанска парница против него.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми